Мицкоски го покани во Македонија Фил Наумоф избран за судија во Охајо
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2018 12:16
Фил Наумоф, Американец со македонско потекло, кој на изборите во вторник беше избран за судија во округот Ричленд во сојузната држава Охајо, на Фејсбук напиша дека „Ние сме Република Македонија и ништо друго“.
Тој одговори на поканата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој претходно му честиташе на изборот и го покани во Македонија.
„Ви благодарам за добрите зборови. Би било чест да се сретнам со вас и да разговарам за иднината на нашата сакана Македонија. Мојата личност е тука срцето е таму“, напиша Наумоф.
Во честитката Мицкоски претходно му пиша на Наумоф дека претставува гордост што Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското.

Наумоф е роден во Торонто, Канада, во 1961 година. Неговиот татко Спиро и мајката Кристина се родени во Македонија. Кога Наумоф имал една година семејството се преселило во Менсфилд, Охајо, а англиски почнал да зборува на шестгодишна возраст.
Таткото на Наумоф, Спиро, е дете бегалец од граѓанската војна во Грција. Тој бил евакуиран од Грција на 10-годишна возраст и пренесен во тогашна Чехословакија. Конечно бил обединет со неговите родители во 1956 година.
Можеби ќе ве интересира
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите




