16 Декември, 2025
0.1312

Мицкоски ќе го контролира Заев во Софија

Објавено во: Македонија 14 Мај, 2018 13:19

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе оди во Софија на Самитот ЕУ-Западен Балкан за да види што најверојатно ќе договори премиериот Зоран Заев со грчкиот колега Алексис Ципрас на 17 мај, потврдија од партијата за „Независен весник“.

„Тоа што Зоран Заев одбегнува лидерска средба оддава впечаток дека нешто се крие од јавноста. Дотолку повеќе што и не се кажува вистината кога од таму се вели дека навремено информирале за деталите од разговорите, нешто што и овој пат се докажува дека не е вистина. Зоран Заев нема монопол за одлука врз прашање кое што подеднакво ги засега и политички определените, но и оние кои тоа не се. Заев нема монопол за одлука врз прашање кое што ги засега сите граѓани на Република Македонија. Дополнително, претседателот Мицкоски до сега не е контактиран од Владата за било каков термин за евентуална лидерска средба, со оглед на тоа дека усогласувањето на термин за лидерска било проблем. За да нема подоцнежна алиби игра од власта, кажуваме дека секој термин за лидерска средба е прифатлив, освен среда, кога претседателот Христијан Мицкоски е на Самитот на Европските народни партии во Софија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „Независен весник“.

Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се сретнат во главниот град на Бугарија еден ден подоцна, односно во четврток и тогаш ќе се види дали двете земји постигнале компромис, со оглед на тоа што македонскиот премиер најави дека ако јавноста чуе за нивна нова средба, тоа значи оти има шанси да се постигне достоинствено решение за државата. 


Можеби ќе ве интересира

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат

И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат