18 Октомври, 2024
0.0287

Мицкоски: Ќе го укинеме надоместокот за пристап на мрежа, но да ги видиме прво пресметките

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ предизборно категорично најави дека веднашп по доаѓањето на власт ќче ја укине тарифата за пристап на мрежа од 200 денари како новововедена давачка за граѓаните за секое мерно броило за електрична енергија. Премиерот Христијан Мицкоски како одговор денес на новинарско прашање дали ќе се укине надоместокот пред формирањето на новите цени од 1 јануари 2025, рече дека прво ќе се разгледаат пресметките што ќе ги направи Регулаторната комисија за енергетика за трошоците на ЕВН Електродистрибуција.

- Ние ветивме дека таа давачка ќе биде укината и во текот на мандатот на оваа влада ќе биде укината. Во овој момент се прави консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека „Регулаторна“ ги прави пресметките. Тогаш ќе донесеме одлука што е најважна и најдобра за граѓаните, одговори МИцкоски.

ВМРО-ДПМНЕ во март декларативно и програмски се обврза дека првои што ќе направи е да укине давачката од 200 денари месечно за пристап на мрежа, која што е „незаконска и е воведена од власта во заминување“.

- По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа. Тарифата за пристап на мрежа од 200 денари е нова давачка која ја воведе СДС со цел да собере повеќе пари од граѓаните во буџетот.  Платформа 1198 предвидува укинување на мрежарината воведена од СДС. Мрежарината од 200 денари е неоснована давачка која удира по џебот на граѓаните.

По формирање на владата ќе се ревидира тарифниот систем, и владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките. Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно. Идната влада ќе ја врати државата на народот. Заврши времето на грабежи,  гласи писмото што во март тогашната опозициска партија го упати во јавноста.

На ова претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, реагираше дека доколку се укине надоместокот за пристап до дистрибутивната мрежа во износ од 200 денари, тогаш евтината тарифа на струјата ќе се зголеми за речиси 15 отсто, а ќе поскапат и блок тарифите, најмногу оние од првиот и од вториот блок.  

Можеби ќе ве интересира

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН - основа компанија во Северна Македонија

ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН - основа компанија во Северна Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА ЕПЛ ЗАГРИЖЕН ЗА КАЗНАТА ШТО МУ ЈА ИЗРЕЧЕ ЕУ, СЕ ВМЕША И ТРАМП - „Нема да дозволам да ги искористуваат нашите компании“

ДИРЕКТОРОТ НА ЕПЛ ЗАГРИЖЕН ЗА КАЗНАТА ШТО МУ ЈА ИЗРЕЧЕ ЕУ, СЕ ВМЕША И ТРАМП - „Нема да дозволам да ги искористуваат нашите компании“

„ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА НЕМА ВИСОКИ ПРОФИТНИ МАРГИНИ, НО КОСТАЛ ОЧЕКУВА ПРОФИТ И ОД ДВОЦИФРЕНА БРОЈКА ВО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 2025“ - Мизо во Бизнис муабети

„ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА НЕМА ВИСОКИ ПРОФИТНИ МАРГИНИ, НО КОСТАЛ ОЧЕКУВА ПРОФИТ И ОД ДВОЦИФРЕНА БРОЈКА ВО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 2025“ - Мизо во Бизнис муабети

ПРВАТА ТРАФОСТАНИЦА ОД 500 KV ГАСНО ИЗОЛИРАНА ВО ГРАДОТ ТАИЖОУ:Новиот проект за електрична мрежа почнува со работа во Џиангсу

ПРВАТА ТРАФОСТАНИЦА ОД 500 KV ГАСНО ИЗОЛИРАНА ВО ГРАДОТ ТАИЖОУ:Новиот проект за електрична мрежа почнува со работа во Џиангсу

Владата ги скрати парите за „Бехтел и Енка“ од 250 на 67 милиони евра

Владата ги скрати парите за „Бехтел и Енка“ од 250 на 67 милиони евра

Хрват измисли популарна апликација за пронаоѓање попусти, заштедува 200 евра месечно

Хрват измисли популарна апликација за пронаоѓање попусти, заштедува 200 евра месечно

БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини - хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма

БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини - хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма

Битола на точак за 500.000 евра! Што градоначалникот Коњановски подготвува за своите сограѓани?

Битола на точак за 500.000 евра! Што градоначалникот Коњановски подготвува за своите сограѓани?