18 Октомври, 2024
0.0286

„ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА НЕМА ВИСОКИ ПРОФИТНИ МАРГИНИ, НО КОСТАЛ ОЧЕКУВА ПРОФИТ И ОД ДВОЦИФРЕНА БРОЈКА ВО МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 2025“ - Мизо во Бизнис муабети

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Некогашен прв човек на Дирекцијата за слободни индустриски зони, денеска прв човек на „Костал Македонија“ во Охрид. Виктотр Мизо сега е и прв човек на Советот на странски инвеститори, како и заменик на претседателот на „Костал“.

Почитувани читатели, на 10 октомври кога го снимавме овој поткаст, на овој наш познат бизнисмен му беше роденден, но тој датум е значаен и за една друга работа, а таа е што на 10 октомври 2016 година, се случи свеченото отворање на „Костал Македонија“, што значи дека се навршуваат осум години од тој момент. 

„Во тие години компанијата навистина стигна многу подалеку од тоа што беше првично планирано“, вели Мизо во поткастот Бизнис муабети на Фактор, кој како и секој петок, го емитуваме денеска.  

„Костал е германска фамилијарна компанија, која има традиција од 112 години откако е формирана. Четврта генерација, сопственикот Андреас Костал ја води компанијата. Компанијата има годишен обрт од околу четири милијарди евра. Најголем дел, над 85 отсто од обртот е во автомобилската индустрија, но прави и индустриска електроника, прави и системи кои се поврзани со обновливи извори на енергија, а минатата година купивме германска компанија која произведува полначи за електрични возила и ги пласира своите производи во Централна Европа. Имаме 20.000 вработени, на пет континенти, во над 40 држави“, вели Мизо.

Автомобилската индустрија не е индустрија каде што има големи профитни маргини. Дури и профитна маргина од 5 до 6 проценти не е лесно остварлива, посебно во последниве шест до седум години на многу турбулентни времиња во светот, не само во нашата индустрија, туку геополитички, геостратешки и здравствени кризи кои ги имавме. 

Она што ние го произведуваме е пред се за премиум брендови на автомобилски возила, дури и од Охрид клиенти ни се Порше, БМВ, Мерцедес, Јагуар, Ленд Ровер и слично. Правиме комплексни мехатронски производи, но и енергетска електроника за плагини и хибридни возила. 

Мизо открива и дека од 4 милијарди евра профит кои „Костал“ целосно ги прави на годишно ниво, ние дури 150 до 200 милиони евра годишно инвестираме во развој на нови продукти, и над 150 милиони евра во инвестиции во нова опрема на глобално ниво. Затоа мора да се земе предвид дека профитот доаѓа после сите оние инвестиции кои ги правиме. 

Исто така, она што е важно, мора да се земе предвид и фактот дека ние се уште сме една нова локација, во развој и во раст. Почнавме со едни технолошки не многу напредни производси кои се трансферирани од Германија или од други локации на Костал во Европа, но сега стигнавме до индустријализација и развивање на нови проекти од нула, кои започнуваат со работа во Македонија. Така што, паралелно расте и обнртот на компанијата. Планираме идната година да имаме обрт од 230 милионин евра, а ќе расте и профитот, така што би бил восока едноцифрена бројка оваа година, а ќе биде и двоцифрена бројка во наредната година, во милиони евра.

Компаниојата е деветти најголем извозник во Македонија. 

Почитуивани читатели, овој разговор со Мизо веќе е достапен, а можете да го погледнете и овде. Не пропуштајте.

 

Можеби ќе ве интересира

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН - основа компанија во Северна Македонија

ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН - основа компанија во Северна Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА ЕПЛ ЗАГРИЖЕН ЗА КАЗНАТА ШТО МУ ЈА ИЗРЕЧЕ ЕУ, СЕ ВМЕША И ТРАМП - „Нема да дозволам да ги искористуваат нашите компании“

ДИРЕКТОРОТ НА ЕПЛ ЗАГРИЖЕН ЗА КАЗНАТА ШТО МУ ЈА ИЗРЕЧЕ ЕУ, СЕ ВМЕША И ТРАМП - „Нема да дозволам да ги искористуваат нашите компании“

Мицкоски: Ќе го укинеме надоместокот за пристап на мрежа, но да ги видиме прво пресметките

Мицкоски: Ќе го укинеме надоместокот за пристап на мрежа, но да ги видиме прво пресметките

ПРВАТА ТРАФОСТАНИЦА ОД 500 KV ГАСНО ИЗОЛИРАНА ВО ГРАДОТ ТАИЖОУ:Новиот проект за електрична мрежа почнува со работа во Џиангсу

ПРВАТА ТРАФОСТАНИЦА ОД 500 KV ГАСНО ИЗОЛИРАНА ВО ГРАДОТ ТАИЖОУ:Новиот проект за електрична мрежа почнува со работа во Џиангсу

Владата ги скрати парите за „Бехтел и Енка“ од 250 на 67 милиони евра

Владата ги скрати парите за „Бехтел и Енка“ од 250 на 67 милиони евра

Хрват измисли популарна апликација за пронаоѓање попусти, заштедува 200 евра месечно

Хрват измисли популарна апликација за пронаоѓање попусти, заштедува 200 евра месечно

БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини - хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма

БРЕНДИРАНИ ПАТИКИ И ДРУГА СПОРТСКА ОБЛЕКА, ќе ги имаме ли повеќе и поевтини - хрватската Орбико сака да купи италијанска фирма

Битола на точак за 500.000 евра! Што градоначалникот Коњановски подготвува за своите сограѓани?

Битола на точак за 500.000 евра! Што градоначалникот Коњановски подготвува за своите сограѓани?