19 Декември, 2025
0.1276

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2025 16:34

Добивај вести на Viber

Ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и посветено ќе работиме на реформите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, по усвојувањето на извештајот за напредокот на Македонија, од којшто беа изоставени референците за македонскиот идентитет и јазик. 

„Не можам да прифатам како европратениците што гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на оние што гласаа или пак се воздржаа од гласање“, рече Мицкоски.

Европскиот парламент во средата со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. 

„Можеби некој очекуваше по вчерашниот извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, остануваме уште попосветени и ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме посакувани од страна на ЕУ. И не можат овие архитекти да градат ваква архитектура за да не оспоруваат и за да го попречуваат нашиот пат кон ЕУ“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека сите партии во Македонија треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси. 

Поранешниот премиер на Бугарија и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, по вчерашното гласање за извештајот за Македонија во Европскиот парламент, изјави дека двете држави треба заедно да одат напред. 

Бугарските европратеници тврдеа дека Вајц бил под влијание на македонските политичари, но тој негираше дека имало лобирања. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните