Мицкоски: Од утре сум на одмор!
Објавено во: Македонија 04 Август, 2019
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ги демантираше медиумите дека веќе е заминат на годишен одмор.
Претседателот на најголемата опозициска партија рече дека утре заминува на одмор во Хрватска и додаде дека не му е јасно од кои причини некои медуми го изедначиле неговиот одмор со одморот на премиерот Зоран Заев.
- Утре заминувам со моето семејство во Хрватска. Тоа е местото каде што јас сум поминувал голем дел од одморите како дете. Таму не носеле моите родители мене и мојата помлада сестра. Тие спомени останале и јас сакам сега со сопругата и двата сина дел од мојот годиштен одмор да го поминам токму во Хрватска – рече Мицкоски.