Мицкоски „плаче“ што не е пуштен во Собрание: Ако може Столтенберг и Могерини, зошто не и јас
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 10:09
Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи за Дојче Веле откако собранискиот спикер Талат Џафери вчера му го одби барањето да зборува од говорницата во законодавниот дом за уставните измени согласно со преспанскиот договор.
- Бидете трпеливи, денес-утре ќе го слушнете „забранетиот говор“ и сето она што сакам да и го соопштам на јавноста како моја порака. Јас знам дека во парламентот досега биле дозволени обраќања на многу личности кои не биле пратеници. Во изминатиот период се обрати Могерини, се обрати Столтенберг... Ако можеа странски претставници да се обратат, не разбирам зошто не може да се обрати и лидерот на најголемата опозициска партија? Во доцните деведесетти се обратија и студентите, и имаме многу други примери во минатото. A само еден ден претходно од премиерот чувме пораки за помирување, простување“, рече Мицкоски на едно од прашањата.
Тој го користи истиот партиски вокабулар и на можната амнестија, која како мантра произлезе од понудата за помирување од страна на премиерот Зоран Заев на првиот ден од собраниската седница за уставни измени, гледа како на „правда“ за обвинетите од 27 април.
- Обвинетите се невини жртви на политички прогон од страна на Зоран Заев и СДСМ. Заев во неговиот говор имаше можност ним и на нивните семејства јавно да им се извини за сѐ што претрпеа тие во изминатата година, но тој одлучи во негов манипулативен стил да условува, поддржете го Договорот со Грција и потоа ќе има амнестија. Срамота“, гласи коментарот на лидерот на опозицијата.
Додаде дека ја прифаќа понудата од Заев да седнат и да разговараат, но на истата средба да го прогласат преспанскиот договор за мртов. Тој вели дека Заев во преговорите со Атина влегол авантуристички, самобендисано, надмено, без да подготви амбиент.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




