Мицкоски повика масовно да се излезе утре на протест
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018 07:33
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Прилеп повика масовно да се излезе на протест на 2 јуни.
Toj пред прилепчани истакна дека владеењето на премиерот Зоран Заев е исполнето со нереални ветувања и шарени лаги.
„Лажеа во предизборната кампања, лажеа дека ќе донесат 500 евра просечна плата, лажеа дека на докторите специјалисти ќе им донесат 100.000 денари просечна плата. Ветуваа поголеми субвенции за земјоделците, ветуваа подобар стандард за младите луѓе, ветуваа поголеми пензии за пензионерите и што ли уште не. Какви ли уште не шарени лаги ветуваа во предизборието во декември 2016 година, но еве се гледа дека ништо не исполнија“- рече Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на владиното одбележување на една година влада, при што истакна дека лицемерно е што целата влада се наредила пред споменикот на ослободителите, бидејќи има разлика помеѓу партизаните кои ја ослободуваа државата, и владата кои ја разграбуваат земјата.
Тој посочи дека Владата на Заев нема прогрес во ниту една област.
Мицкоски повика што помасовно да се излезе на 2 јуни, кога ќе почне почетокот на крајот на оваа ненародна власт.
„Кога невистината и лагата ќе ви ги претставуваат како вистина, кога поразот и капитулацијата ќе се обидат да ви ги прикажат како победа. Како недостоинственото нешто ќе се обидат да ви го претстават како заштита на националните обележја. Тоа не смееме да им го дозволиме“ - вели Мицкоски.
Масовно да му кажеме на Зоран Заев и групата околу него доста е Македонија ќе победи, истакна Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации




