Мицкоски: ВМРО нема да дозволи никаква антиуставна акција
Објавено во: Македонија 05 Март, 2017 08:35
Христијан Мицковски, директорот на ЕЛЕМ и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за ТВ Нова посочи дека неговата партија се исправи како стожер и браник на државноста на Република Македонија, па така и овој пат ние нема да дозволи ниедна акција да биде преземена која ќе биде спротивна на уставот и законите на оваа држава, а со тоа ќе имплицира подривање на националните интереси.
Мицкоски смета дека доколку политичките партии излегоа со албанската платформа на изборите ќе го добиеја судот од граѓаните на Република Македонија.
– Секако дека размислуваме, секако дека имаме план, но во интерес на процесот не би сакал сега да коментирам гласно кои се чекорите што ќе ги преземеме. Секако дека имаме разгледувано повеќе сценарија, имаме одговори на прашања и енципирано на можни ризици, така да подготвени го пречекуваме процесот, но она што е поважно овој момент е да овие луѓе конечно се охрабрат и излезат со таа платформа пред граѓаните кои тоа го очекуваат од нив, бидејќи знаете, они не излегоа со оваа платформа на изборите, оваа платформа е резултат на оној постизборен инженеринг. Да излезеа со таква платформа и да ја ставеше на увид на граѓаните, без разлика дали се тоа ДУИ и останатите партии од албанскиот политички блок или нивните поддржувачи – опозициската СДСМ, граѓаните ќе го дадеа својот суд, кажа Мицкоски во интервјуто за ТВ Нова.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




