МИЦКОСКИ: Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели, по несреќата во Нови Сад
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад во Србија, каде се урна натстрешница на Железничка станица.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност“, пишува во објавата на Фејсбук.
Во несреќата во Нови Сад загина и еден Македонец.
Извесен Васко Саздовски од Македонија вчера загина во Нови Сад во Србија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.