22 Октомври, 2024
0.0288

Мицкоски: Зоран Ставрески е врвен експерт

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека за него поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески е врвен експерт, но дека официјално во партијата не се дискутирало дали тој да ја добие поддршката за иден гувернер на Народна банка.

Ова мандатарот го искоментира како одговор на новинарското прашање за неговото евентуално назначување на поранешниот вицепремиер за економски прашања. на чело на централната банка.

Мицкоски додаде дека тоа воопшто не било на дневен ред, ниту за тоа прашање било дискутирано.

Тој ова го изјави пред Шестата седница на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа одгововарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи Ставрески за гувернер на НБ. 

- Моето мислење за господинот Ставрески е врвно, тој е исклучителен експерт, голем познавач. Таа тема воопшто не била на дневен ред, ниту пак била дискутирана воопшто, одговори кусо мандатарот.

Дел од медумите, повикувајќи се на извори од партијата, објавија дека поранешниот висок функционер во владите на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Никола Груевски, Зоран Ставрески ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на НБ. 

Ставрески во последните година дена често е во придружба на членови на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

Унгарскиот кредит од половина милијарда евра легна на сметката на Министерството за финансии

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е минимална плата од 450 евра, ќе се чека системското покачување

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА, НО ХРВАТИТЕ ГИ КУПУВААТ КАКО ДА НЕМА УТРЕ - растот е двоцифрен