Мијалков сакал да бега во својата омилена земја?
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2018 15:17
Трансакциите на пари и имотот во Чешка – причини за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Имотот во Чешка на Мијалков ја зголемува околноста тој да се даде во бегство, продавајќи го огромниот имот од Македонија, ова стои во решението со кое му е определен притворот на Мијалков, дознава 1ТВ.
Неофицијално, наведен е и допис од Управата за финансиско разузнавање дека на две банкарски сметки кои биле блиски до Мијалков, имало повеќе од 11 милиони евра.
„Судијата кој постапува по предметот по ценење на фактите и доказите опфатени со предлогот донесе решение со кое го прифати предлогот и определи мерка притвор во траење од 30 дена. Против ова решение странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје во рок од 24 часа по приемот на решението“, информираат од Кривичниот суд.
Мијалков од вчера во 19.55 часот, е во скопскиот истражен затвор „Шутка“. Тој е упасен неколку часа откако Груевски на Фејсбук објави дека Унгарија му одобрила азил, и дека имало опасност од негова ликвидација во Македонија.
Екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска за ТВ 21 не сакаше да коментира за поврзаноста на Сашо Мијалков и Миле Јанакиески со бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.
Таа не одрече такво нешто, но вели дека нема доволно информации за да даде јасен став.
За себе претходно изјави дека нема намера да бега од Македонија и го осуди бегството на Груевски.ВМРО-ДПМНЕ нема реакција за притворот на Мијалков. На денешната прес-конференција пред апелација, побараа ослободување само на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
Мијалков е обвинет во повеќе предмети на СЈО, а го има во многу од „бомбите“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




