18 Декември, 2025
0.0510

Миксетата 115 илјади евра, шанкот 70 илјади, најскапиот микрофон милион денари во Национална филхармонија

Објавено во: Финансии 06 Септември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Министерството за култура му го пренесе правото на трајно користење на опремата и инвентарот во надлежност на Националната филхармонија - Скопје, а во списокот на евиденција кој го погледна „Фактор“ може да се види колку чини поединечно се што е набавено своевремено пред отворањето на објектот во 2017 кој чинеше помеѓу 30 и 40 милиони евра. 

За 108-те плакари во кои 109 музичари можат да ја чуваат својата гардероба и инструмент чинат 25,37 милиони денари, или 233 илјади еден. Полиците каде што се чуваат нотите вкупно чинат 14 милиони денари, а ги има 22. Еден статив за транспорт на инструментите чини 121 илјада, а сите три заедно 365 илјади денари. За двете подвижни оркестарски платформи платено е осум милиони денари. Фолио и комоди за чување ноти ги има десет во записникот, а платени за нив биле 2,3 милиони денари.

Купените четири ЛЦД-монитори се по цена од 324 илјади денари, а 12-те сетови од предаватели и приемници на дигитално видео чинеле по 133,3 илјади денари еден. Најскапиот микрофон е милион денари, а ги има два такви меѓу многуте други

Дигиталната аудио миксета за удио-мониторинг на сцена чини 7 милиони денари, или околу 115 илјади евра. За шанкот во кафе-барот од 21 метар квадратен е издвоено од државниот буџет 4,3 милиони денари, или околу 70 илјади евра. Од петте пултови, најскапиот е 13,5 метри квадратни и вредел 2,8 милиони денари, односно повеќе од 45 илјади евра.

Преклопните фиксни седишта за малата сала чинеле 85 илјади парче а ги има 112 такви, а не се многу поевтини ниту другите кои биле платени од 70 до 80 илјади денари. Најскапите музички столици за диригентот, пијанистот, за дувачките и гудачките инструменти чинат по 78 илјади денари една. Сите седишта заедно наменети за публиката чинат повеќе од милион и пол евра.

За секој од 14-те звучници е платено по 230 илјади денари, а набавувани се и трансмитери, слушалки, аудио-кабли меѓу кои најскапите два чинат по 95 илјади. Набавени се и држачи за инструменти, подиуми за солисти, акустични штитови, светла,  Купувани се и многу други плакари, кујнски елементи, ормари за гардероба на публиката, фиокари, бар-столови, работни маси итн. 

Од склучениот договор помеѓу министерот за култура и директорот на националната установа може грубо да се пресмета дека се работи за повеќе од 4 милиони евра платени за оваа опрема и инвентар.

Филхармонијата во 2017 доби свој простор после 73 години постоење, откако со децении ја користеше салата на Домот на АРМ, а изминативе години филхармоничарите свиреа и во МОБ и во Македонскиот народен театар (МНТ).

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска