06 Октомври, 2024
0.0347

МИЛИЈАРДЕРИ: Пливаат во пари, но не даваат на сиромаси!

Објавено во: Економија 21 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во срцето на Мумбаи се наоѓа најскапиот дом во Индија - 27-ката квадратна зграда во која живее само едно семејство: Амбани. Мукеш Амбани со богатство од околу 20 милијарди долари се смета за најбогат човек во потконтинентот. Во неговиот дом Antilia има место за 168 автомобили, тој има три писти за слетување на хеликоптери, девет лифтот, кино и храм, пишува во својата репортажа списание Vanity Fair. Амбани станува богат со помош на рафинерии, нафта и гас. Својата компанија Reliance тој ја изградил со својот татко во 80-тите години. Но и вториот најбогат човек во Индија, Дилип Шангви, е самостојно создаден милијардер. Тој успева со својата фармацевтска компанија Sun Pharmaceutical Industries да натрупа 17 милијарди долари. Третиот во листата на Forbes - Азим Премжи, има богатство од 16 милијарди долари благодарение на софтверската компанија Wipro. Повеќе од 100 индиски милијардери објави списанието во 2014 година, а една година порано овој број беше само 55. Кога станува збор за добротворни цели сепак, 69-годишниот Премжи ги остава далеку зад себе другите богаташи во Индија. Тие по правило донираат промили или проценти од своето богатство на општеството. Премжи сепак донирал во изминатата година над 12 проценти од парите за добротворни цели, соопшти кинеското списание Hurun што исто така ги следи тесно богатите во Индија. Со ова шефот на Wipro донирал седум пати повеќе од вториот во оваа своевидна класификација - металниот магнат Анил Агарвал. Тоа ќе се промени наскоро, сигурен е Премжи. "Во наредните години ќе сме сведоци на сериозна филантропија", убеден е тој. И во САД индустриските магнати како Ендрју Карнеги и Џон Рокфелер ги имаат стекнато првично милијардите со нафта и челик, а дури потоа кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век станаа пионери во областа на добротворноста. "Во споредба со тоа Индија е сеуште во почетокот на развојот на модерната економија и создавање на богатството". Во основаната од американската инвестициска легенда Ворен Бафет и основачот на Microsoft Бил Гејтс иницијатива "The Giving Pledge" Премжи е единствениот индиски претставник - и на тој начин се обврза да донира најмалку 50 отсто од своите средства. Повеќето од нив неговата фондација има намера да користи за образование, особено за државни основни училишта. Образованието е најважната социјална институција кога станува збор за тоа да се подобрува општеството, смета Премжи. "Искоренување на сиромаштијата треба да биде една од нашите главни цели", вели Премжи. Всушност 30 проценти од Индијците (363 милиони луѓе) се уште живеат под прагот на апсолутна сиромаштија. А разликата продолжува да расте - по анализата од Credit Suisse денес -богатите 1% од Индијците поседуваат речиси половина (49 проценти) од вкупното лично богатство. Во 2000 година овој еден процент држеше сеуште "само" 37% од средствата. Покрај Премжи и други претприемачки семејства донираат за едукација, како Тата, Вадја Бирла кои основале доста училишта, колеџи, универзитети и научни институции. Сепак донациите не се особено високи. "Тие донираат пари за луѓето на кои потоа ќе можат да влијаат. Сеуште има феудално размислување зад овие дела ", вели Самир Сара, заменик-претседател на независниот тинк-тенк Observer Research Foundation во Њу Делхи. Ова може да се сопствените вработени, луѓе од родното село или членови на семејството. Всушност многу од индиските богаташи се подготвуваат во моментов за пренос на позициите во компаниите на човек од семејството. Премжи и челичниот магнат Лакшми Митал веројатно ќе го предадат својот бизнис на своите синови. IT гигантот и седмиот најбогат Индиец Шив Надар ќе го предаде бизнисот на ќерка си Роши. Тоа е полесно отколку во САД, каде што мора да се плати данок за наследство во износ од 40 проценти. Во Индија слична стапка нема. Минатата година, пак, Владата на Индија достави закон, со кој бара од големите индиски компании да донираат два проценти од својот профит за промовирање на обесправените. "Имаме потреба од подобри алатки за добротворни цели", вели Сара. Но, тоа сигурно ќе биде факт наскоро. "Ние мора прво да свикнеме на идејата дека сега сме толку богати. Тоа е само тренд кој започна дури во 90-тите години ". Обработка: К.К. Извор: Vanity Fair

Можеби ќе ве интересира

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?