Милионски град во карантин, иако досега земјата нема смртен случај
Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јули, 2020
Во карантин е милионски град во Виетнам, иако земјата сѐ уште нема смртен случај од коронавирус.
Земјата прогласи двонеделен карантин во третиот по големина град во земјата, откако беа откриени уште 15 случаи на коронавирус во болниците.
Јавниот превоз во и надвор од Да Нанг е откажан.
Неколку пациенти и здравствени работници во болницата во Да Нанг се заразени, објави АП.
Властите проценија дека неколку стотици луѓе ќе бидат заробени во Да Нанг поради откажаниот превоз и побара од хотелите да им обезбедат сместување.
Во неделата владата апелираше до луѓето да одржуваат физичка дистанца во градот со повеќе од милион жители, пишува АП.
Досега во Виетнам се регистрирани 531 случаи на Ковид-19, а починати нема.
Виетнам сè уште не ги отвори своите граници за туристите.
Жртви досега нема и во Монголија, Еритреја, Камбоџа, Сејшели, Бутан, Папуа Нова Гвинеја и други.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.