Милошоски до Заев и Шилегов: Признајте го поразот и бидете конструктивна опозиција
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2016
Кандидатот за пратеник Антонио Милошоски смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ им е загарантирана и редно време е СДСМ да им честита. Посебна порака им испрати на Зоран Заев и Петре Шилегов кои треба да влезат во Собранието и да се однесуваат како одговорна опозиција.
- Почитувани душегрижници од раководството на СДСМ, немајте гајле…, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме сите за ЕДЕН, ЕДЕН за сите, заедно со партијата, со народот, со Претседателот. Како резултат на таа сплотеност ве победивме по 10ти пат на избори, а народот Ви покажа што мисли за Вашата деструктивност и политички кризи. СДСМ ги изгуби изборите, во недела повторно ќе изгуби и во Теарце!
Поразениот има право да се лути, и цивилизирана обврска да му честита на победникот!
И уште еднаш, не мешајте професија (адвокат, лекар, нотар, професор) со политички мандат. Иако имам решение за Нотар (по Закон во мирување), сепак со голема волја ќе учествувам во работата на Собранието, каде очекувам Заев и Шилегов да бидат дел од конструктивната опозиција, порача Милошоски на својот профил на Фејсбук.