МИНИМАЛЕЦ ОД 450 ЕВРА СЕГА: ССМ бара власта да не го чека март, веднаш да зголеми
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024
Синдикатите бараат минималната плата да се зголеми сега, бидејќи како што велат, март е далеку.
Синдикатите бараат минимална плата од 450 евра сега и повикуваат Владата итно да го свика социо-економскиот совет. Тие апелираат да не се чека законскиот рок во март за зголемување на минималецот, кој според нив треба да изнесува 1.800 денари поради растот на трошоците за живот и просечната плата.
Од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) посочуваат дека март е предалеку и очекуваат минималната плата од 27.600 денари да биде воведена пред Нова Година. Во Босна и Херцеговина(БиХ) минималецот веќе е зголемен двојно, од 310 на 600 евра. Во Црна Гора се зголеми на 600, односно 800 евра, зависно од степенот на образование. Македонија заостанува. Сега минималецот е 22.500 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.