МИНИМАЛНА КОШНИЧКА: Скоро 34.000 денари се потребни за четиричлено семејство

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020 18:12
Минималната синдикална кошница за ноември чинела 33.742,1 денар.
Сојузот на синдикати на Македонија објави дека на едно семејство со 4 члена му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.
Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, а 32,03 отсто за домување. За хигиена се трошеле во просек по 2.375,3 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464,22 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161,57 денари, односно 6,41 отсто, за култура 1.066,79 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716,91 денари, односно 2,12 отсто.
Со една просечна плата не може да се задоволи потрошувачката кошничка.
Потрошувачката кошница во октомври изнесувала 33.704 денари.
Просечно исплатената нето плата во Македонија за септември 2020 година беше 27.405 денари. Трошоците на животот во ноември годинава се исти како во претходниот месец, а цените на мало пораснале за 0,3 отсто.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД ТРГОВЦИТЕ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ БАРАААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ - изработката на веб страниците за објавување на цените им е финансиски, технички и кадровски проблем

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

СОСТАНОЦИ СО ЕНЕРГЕТСКИ И ГРАДЕЖНИ МАГНАТИ ВО ДУБАИ - како Македонија да се најде на нивната мапа за инвестиции

СЕ ШИРИ ПАНИКА: Дали ЕУ сака да ги укине Visa, Mastercard и PayPal?

ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ОД ШВАЈЦАРИЈА: Светската трговија на колена поради царините на Трамп

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СИ ДИРЕКТОР ВО МОЌНА ШПЕДИТЕРСКА КОМПАНИЈА - ова е сумата на платите, наградите и осигурувањето исплатена на членовите на Бордот на „Фершпед“

АКО ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ НА DHL ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ ОВА: Воведуваат нови правила за пакетите, едно мора да биде прецизно
