МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ Е 1.300 ЕВРА: Еве во кој сектор лежат парите
Објавено во: Финансии, Балкан 12 Декември, 2023
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица во градот Загреб за септември годинава изнесува 1.322 евра, што е номинално намалување од еден процент во однос на август и зголемување за 12,9 отсто во однос на септември 2022 година, покажуваат податоците на Градот Загреб, канцеларија за економија, еколошка одржливост и стратешко планирање
Споредено со просечната месечна плата за септември на ниво на Хрватска која изнесува 1.156 евра, просечната загрепска исплатена нето-плата за тој месец била за 166 евра поголема.
Највисока просечна месечна нето-плата кај правните лица за септември е исплатена во екстракција на сурова нафта и природен гас, во износ од 2.157 евра.
Најниска плата е исплатена во производството на кожа и сродни производи, во износ од 722 евра.
Просечната нето плата за септември изнесува 1.128 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од таа сума.
Просечната месечна бруто-плата по вработен во правните лица во градот Загреб за септември изнесува 1.879 евра, што е намалување за 1,3 отсто во однос на август, но зголемување за 16 отсто во однос на септември 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.