Добивај вести на Viber
Министерот за здравство, Никола Тодоров ја почна својата посета на САД со средби на универзитетот Колумбија во Њујорк. Целта на ваквата посета била да се разгледаат можностите за испраќање на македонски лекари специјалисти на обука во овој престижен универзитет, информираат од неговиот кабинет.
Од Министерството за здравство најавуваат дека проектот за полесно испраќање на македонските лекари на обука во САД е еден од највисоките приоритети на министерството. Тие заедно со Медицинскиот факултет во Скопје веќе имаат развиено соработка со Колумбија, каде предава и професорот со македонско потекло Горазд Росоклија.
По Њујорк, предвидено е министерот Тодоров да ги посети и Детроит, Хјустон, Вашингтон, Сиетл и Лос Анџелес. Целта на овие посети е утврдување или потпишување на меморандуми за соработка со универзитетски болници, со што ќе се овозможи престој и обука на македонски лекари.