05 Декември, 2025
0.0371

Министерството за финансии им даде заем на Босилово и Ранковце

Објавено во: Финансии 26 Декември, 2012 14:46

Добивај вести на Viber

Заем од 24,57 милиони денари на општина Босилово и 21 милион денари на општина Ранковце Министерството за финансии им додели на општините за изградба, реконструкција и асфалтирање на улици.
Како што соопшти Министерството за финансии, со обезбедените средства општина Босилово ќе изврши изградба на две локални улици во селата Петралинци и Радово и дел од локален пат кој ги поврзува селата Моноспитово и Банско. Вкупната должина на улиците, односно патиштата, изнесува 2.462 метри. Улиците во селата Петралинци и Радово се земјени патишта кои не ги обезбедуваат минималните услови за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот, поради што е предвидена нивна изградба.
Општина Ранковце, со добиениот заем ќе изврши изградба на локални улици во општината.  Проектот предвидува изградба на седум локални улици во Ранковце, Гиновци и Петралица.  Сите локални улици се станбени улици кои поврзуваат поголем дел од еден урбан блок во соодветните населени места. Исто како и во општина Босилово, и во оваа општина станува збор за улици кои се во многу лоша состојба. Тоа се тампонирани земјени улици, со значителни деформации и нестандардни хоризонтални и вертикални елементи.
Ваквите улици не ги задоволуваат ниту минималните сообраќајни стандарди и норми и претставуваат сериозен проблем за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, стои во соопштението од МФ.
Условите на заемите се исклучително поволни, каматната стапка се состои од  шетсемесечен ЛИБОР со варијабилен распон и во моментов изнесува 0,59 проценти. Рокот на отплата е 13 години со вклучен грејс период од 3 години. Финансиите се дел од „Проектот за подобрување на општински услуги“ со кој Владата на Република Македонија од Светска банка обезбеди 50 милиони долари за помош на општините. Досега во рамки на проектот се склучени 29 договори со 29 општини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“