Министерството за животна средина ќе прави контроли на индустриски објекти
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2024
Министерството за животна средина објави дека е направен план за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-Интегрирана еколошка дозвола со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови кои создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето.
- Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста и подготвеноста на компаниите во пресрет на зимската сезона да преземат и дополнителни мерки со кои би влијаеле позитивно врз квалитето на воздухот, објавија од министерството.
Од таму апелираат до граѓаните и институциите, компаниите и до сите општествени чинители за совесно однесување во однос на начините на затоплување, чистење на оџаците, фрлање на отпадот, палење на депониите, користењето на возила, градежните работи на отворено, палењето на стрништа и слично.
- Министерството ја континуирано ја следи состојбата со квалитетот на воздухот, редовно ги информира граѓаните и ќе преземе и други дополнителни активноси за што јавноста ќе бид правовремено информирана, дополнуваат од МЖСПП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.