17 Декември, 2025
0.0566

МИОА и МАРнет најавуваат пад на цената на интернетот

Објавено во: Економија 29 Август, 2013 11:22

Добивај вести на Viber

Демонополизација  на македонскиот пазар на домени, нивно побрзо издавање со одвивање на сите процедури по електронски пат, како и пад на цените на интернетот, треба да овозможат заедничките проекти на Министерството за информатичко општество и администрација и на Македонската академска мрежа МАРнет.

Покрај МАРнет од  1 октомври на пазарот на домени услуги ќе нудат и други субјекти, т.н. регистрари. Во понеделник ќе бидат објавени условите кои компании можат да станат регистрари, новиот правилник и техничките упатства и ќе треба да се подготват да се поврзат со системот за еден месец.

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со тој проект сите граѓани ќе можат да регистрират уште една услуга по електронски пат, без посета на шалтери, пополнување формулари и нивно испраќање до МАРнет, како и да почнат свој бизнис многу побргу од постоечките процедури.

- Еден од проектите што ги вети Владата е електронско регистрирање домени и поддомени на мк, со цел да се овозможи од кое било место да може електронски  да се достават, да се плати електронски и нивниот домен електронски да биде регистриран во кој било период од денот, изјави денеска министерот Ивановски.

Тој ги повика сите компании кои се заинтересирани да станат регистрари за да можат да нудат услуги за граѓаните за регистрирање домени да се обратат до МИОА и МАРнет од понеделник.

- Ќе имаат период  од еден месец технички да ги подготват своите системи за да можат од 1 октомври сите институции, организации и компании од приватниот сектор што ќе искажат интерс да се поврзат со овој систем и да ги препродаваат на некој начин домените во име на МАРнет да може да почнат да функционираат, појасни  Ивановски.

Директорот на МАРнет Саша Димитријевски информира дека од технички аспект во изминатиот период се спровеле интензивни подготовки  за имплементација на новиот систем. - Во соработка со МИОА веќе е  изработен системот и е еден од најсофистицираните во регионот и врз основа на она што е најмодерно во светот, рече Димитријевски.

МИОА и МАРнет работат и на проектот за воспоставување внатрешен јаз на поврзување - МАТРИКС,  со кој, според Димитријовски и Ивановски, треба да овозможи драстично намалување на цените на интернетот.

- Во наредните неколку недели  треба да заврши евалуацијата на понудите  што се испратени од економските оператори. Со системот  во период од 90 дена од фирмата  што ќе биде избрана да го спроведе овој проект ќе се воведе внатрешен јаз во РМ за сите интернет комуникации. Со тоа треба да паднат цените на интернет  услугите во Македонија, рече Ивановски.

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?