29 Јуни, 2024
0.0391

МИРЧЕВСКИ РАСПАЛИ ДО РАМАДАНИ: Значи постојат и „неумерени“ кои се радикални и милитантни Албанци, кои ете вие ги знаете, и на кои не им се допаѓа Канал 5 ТВ и Македонците?

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Откако во синоќешната емисија на Само вистина на Канал 5,  Рамадани обвини дека телевизијата прави етничка дискриминација, по што следуваше реакција во живо на директорот на телевизијата, Иван С. Мирчевски, тој до отворено обраќање му де обрати на Рамадани но и на сите политички субјекти во земјата.

,,Ова вечер што вие Рамадани го направивте е класичен напад врз новинар/медиум што според последните законски измени е НАПАД ВРЗ СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ чл.382 од КЗ на Македонија, па ќе се обидeме на пластичен начин да ви го објаснам вам, но и на останатите политичари:

- 1. ДОСТА Е! Ако мислите дека сте поканети во нашата емисија, и дека ќе ширите лаги, клевети и сериозна сегрегација, а јас дека ќе ви молчам - сте ја утнале земјата, градот, телевизијата , но и мене и моите колеги. Сегрегација и етничка дискриминација не живее во Канал 5 ТВ.

- 2. Доколку до утре, до 12.00 часот не добиеме јавно извинување како што побаравме, а не го направивте веднаш во студиото, ќе започнеме со сите правни лекови кои ни стојат на располагање а се поврзани со ширење на омраза и ЗАКАНА од ваша страна...не знам дали сте свесен дека ни се заканивте нам, на целиот тим на Канал 5 во кој работат чесни Македонци од сите етникуми ( мене верата не ме интересира ) со вашите зборови но и на сите Македонци?

„ Престанете да ги потценувате Албанците понатаму, ви кажува човек кој е умерен Албанец во сите свои ставови“.

Оваа ваша латентна закана која за нас е и можеби сериозна ми потврдува само едно - Вие сте умерениот, но значи постојат и „неумерени“ кои се радикални и милитантни Албанци, кои ете вие ги знаете, и на кои не им се допаѓа Канал 5 ТВ и Македонците? Зошто ширите ваква непотребна паника?

Овој ваш истап ќе го ценат многумина во Македонија, верувајте ми.

- 3. Како не ви е срам безочно да лажете дека Канал 5 ТВ шири етничка дискриминација? Како не се срамите од позицијата која ја имате а која НИЕ СИТЕ ви ја плаќаме? Вие сте ПРЕТСЕДАТЕЛ на ЕВРО АТЛАНТСКИ СОВЕТ? Не господине, вие со овој говор на омраза покажавте дека вашиот mind set можеби нема никаква конекција ниту со ЕУ ниту со НАТО?Но немајте грижи, на двете институции ќе им го пратиме вашиот „перформанс“ со англиски превод, а преводот ќе ви го пратам да видите дали ми е коректен. Вие гарант зборувате англиски далеку подобро од мене.

- 4. Дали вие Рамадани сте свесен дека со вашите клевети а во конекција со прашањата што ги поставува нашиот новинар во дебатните емисии, всушност директно се мешате во правото и слободата на новинарите за професионална работа, загарантирана со Устав? Знаете што значи кршење на Уставот нели? Какви консеквенции повлекува?

- 5. Знаете зошто замолив да излезете од студиото и тука да заврши емисијата? Прво не се извинивте како што побарав, а НАЈВАЖНО - да спречам продолжување на кривично-правниот акт , односно ширење на дискриминација и сериозен говор на омраза од ваша страна. Тоа што три портали на Џабир Дерала ве бранат, со класично извртување на тези за наводна ваша неслобода на говор во вечерашната САМО ВИСТИНА, покажува дека има лица кои не го виделе тоа што го виде и слушна цела македонска јавност, вашиот обид за наше замолчување збогатено со сериозни клевети и ксенофобија.

6. НАЈВАЖНО - Ги повикуваме сите политички чинители во Македонија но и меѓународната заедница, да се оградат од оваа еклатантна ксенофобија, но внимавајте - и сериозна ЗАКАНА во латентна форма, кога Рамадани не „потсети' дека тој бил умерениот Албанец. Мислам дека тој треба да одговори на неколку сериозни прашања.

За крај - пријатели и познаници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, и други политички партии, г-дине Ковачевски, г-дине Пендаровски, г-дине Прв Заменик Премиер Груби - очекуваме од вас уште вечерва реакција на овој срамен чин на Рамадани.

Се надеваме дека нема да молчите за да помислам дека дел од вас се согласувате со неговиот притисок врз слобода на медиумите, но и латентните закани, се вели во реакцијата на Мирчевски.

МИРЧЕВСКИ РАСПАЛИ ДО РАМАДАНИ: Значи постојат и „неумерени“ кои се радикални и милитантни Албанци, кои ете вие ги знаете, и на кои не им се допаѓа Канал 5 ТВ и Македонците?

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

Мицкоски: „Борбата против корупцијата е главен приоритет на Владата“

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

На еден ден пред внатрепартиските избори Славјанка Петровска се откажа од кандидатурата: Причината ја кажа пред сите

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА УТРЕ НА ВНАТРЕПАРТИСКИ ИЗБОРИ: Се бира меѓу четворица кандидати

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори