Добивај вести на Viber
Мирослав Мишковиќ може да биде ослободен од притвор ако приложи гаранција од 12 милиони евра, одреди посебното одделение на Високиот суд. Според ова решение, парите треба да бидат депонирани во динари и во готово, за Мишковиќ да се брани на слобода.
„По обезбедување докази пред судот дека е приложена паричната гарантција како депозит, обвинетиот Мирослав Мишковиќ ќе биде пуштен на слибода",се вели во соопштението.
Мирослав Мишковиќ со ова доби и мерка забрана за напуштање на местото каде што престојува, како и обврска за пријавување во полицискиот оддел на Град Белград секој прв работен ден од месецот, а патните документи привремено ќе му бидат одземени.
Против решениетоможе да се поднесе жалба, но жалбата не го задржува извршувањето, посочуваат од судот.
Мишковиќ е во притвор од декември 2012 година. Судот оваа недела му го продолжи притворот за уште 30 дена поради ризик од бегство. Српскиот милијардер е обвинет за организиран криминал, а обвинителството поднесе обвинение против сопствениците на "Делта холдинг" и уште неколку лица за малверзации со кои го оштетиле Препријатието за патишта за 16,95 милијарди динари, а српскиот буџет за 472 милиони српски динари.