20 Мај, 2024
0.0264

Мирот нема цена, но колку ја чини војната Украина месечно?

Објавено во: Економија 19 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Достапни, корисни, но неофицијални податоци покажуваат дека украинскиот воен „цех“ месечно јаде околу 9 милијарди евра, а дека на земјата и се неопходни околу 4 милијарди евра да за обезбеди минимални услови за сместување, храна, основна медицинска нега за раселените, протераните и за лицата кои ги изгубија своите работни места заради воениот конфликт кој на украинска територија беснее повеќе од 200 дена. Држаните приходи се 40 отсто од планираните, а дури 60 отсто од тоа одат на воени трошоци. За овие 6 месеци војната изгоре и околу 18 милијарди евра странска помош во пари за украинската страна. А украинскиот министер на финансии изјави дека и покрај државниот буџет и странската помош воените трошоци бараат до 5 милијарди евра месечно...

Војната во Украина, која агресорот Русија ја нарекува специјална операција, трае седум месеци или повеќе од 200 дена. На Украина и е нанесена голема материјална штета врз комплетната инфраструктура, а изгубени се и неколку илјади животи што е непроценлива загуба. Има раселени лица, мртви населени места и градови. Војната, многупати досега, се потврдила како најголемата човечка деструкција која всушност се сведува на самоуништување за која нема трајно решение и многу често се повторува.

Настрана од овие ненадоместливи човечки загуби и штети, колку во материјални средства чини војната во Украина?

Има различни извори, бројни податоци од кои најголем дел се парафрази и се тешко проверливи. Очигледно е дека украинскиот народ како и државјаните на Украина со руска националност се и ќе бидат најголеми жртви на ова воено лудило чиј крај, за жал, не се гледа.

Украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко, на една меѓународна конференција во Германија, кажа дека на Украина месечно и недостигаат 5 милијарди долари и тоа за воени потреби. Дополнително на ова на Украина и требаат месечно до 4 милијарди долари со кои треба да ги ублажи економските последици врз раселените, ранетите и лицата кои останале без работа и приходи. Оваа изјава ја даде во контекст на прашањето за странската парична помош за Украина која изнесува 18 милијарди долари за 6 месеци што во просек значи дотации за покривање на буџетската дупка во износ од 3 милијарди долари просечно месечно од почетокот на воените дејствија до сега.

Во контекст на ова, има достапни податоци дека Украина успеава да прибере само 40 отсто од планираните даночни приходи за периодот од почетокот на воените дејствија до сега. Ако приходната страна на буџетот за годинава била проектирана на околу 36 милиони евра тоа значи дека до сега неговата реализација е околу 14 милијарди евра. Според истите податоци, кои не се официјални, за воени потреби Украина троши 60 отсто од прибраните даночни приходи што значи над 8 милијарди евра или повеќе од една милијарда евра просечно месечно.

Доколку може да се користат овие податоци, а други официјални нема и нормално е да нема во воени услови, излегува дека еден месец војување Украина ја чини околу 9 милијарди евра.

Заради тоа и државниот врв на Украина отворено бара помош од западните земји, па дури и не се воздржува да има дава критики на западните лидери дека изостанува потребата, веројатно билатерално ветувана и неопходна помош.

Веројатно и како една од мерките лидерите на западните земји ги убедуваа приватните кредитори да ги репрограмираат долговите на Украина и успеаја да добијат замрзнување на враќањата и грејс период за идните отплати на стари обврски. Неофицијален извор укажува дека речиси две третини од државниот долг на Украина е репрограмиран и дека во овие околности, да запре војната утре и да се случи мир на Украина би и требале 50 години да ги врати своите долгови кон странските кредитори.

Колква е буџетот на Украина за идната година?

Според достапни податоци расположливи на овој линк Cabinet of Ministers of Ukraine - Government approved Draft State Budget of Ukraine for 2023


Cabinet of Ministers of Ukraine - Government approved Draft State Budget...

Kitsoft

On September 13, the Government approved the draft law on the State Budget of Ukraine for the year 2023



Украина направи воен Буџет за 2023 година вреден околу 48 милијарди евра од кои дефицит би биле 27,5 милијарди евра. Планираните приходи од даноци и други јавни давачки изнесуваат околу 21 милијарди евра.

Од друга страна пак Светска банка прогнозира дека на Украина во период до три години од сега би и биле неопходни повеќе од 100 милијарди евра за да успее да ја врати својата економија во нормален тек.

Минималната плата во Украина за идната година е проектирана на 250 евра.


Р.Ф.

Фото: EPA/ OLEG PETRASYUK

Можеби ќе ве интересира

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање