19 Декември, 2025
0.1360

Mистерија околу бегството на Груевски

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 07:10

Добивај вести на Viber

Системот на верификација на граничните премини во Албанија потврдил дека екс премиерот Никола Груевски, ја напуштил Албанија на 11 ноември околу 19 часот, пренесоа дел од албанските, но и наши медиуми.

Груевски од Албанија излегол на граничниот премин Хан Хоти -Муричан, на албанско-црногорската граница. Тој бил во дипломатско возило на унгарска амбасада и имал пасош на негово име.

Повикувајќи се на доверливи извори, Топ Ченел ТВ пренесува дека со прегледот на системот ТИМС Груевски не влегол легално во Албанија туку преку зелениот појас.

Унгарската амбасада кратко одговорила дека „не го коментира процесот кој е во тек“, тргнувајќи од фактот дека за барањето азил на Груевски се расправа во Будимпешта.

Некои регионални медиуми известија дека Груевски ноќта ја поминал во амбсадата на Унгарија во Албанија и потоа со авион отпатувал од Тирана за Будимпешта.

Последната информација која синоќа ја пренесе ТВ24 е дека Груевски се уште се наоѓа на албанска територија. 

Според информациите на таа телевизија сосема е извесно дека Груевски ноќеска ќе побегне од Албанија по морски пат и тоа најверојатно во правец на Грција.  Последната позната дестинација се очекува да биде Турција, каде исто така би пристигнал преку море.

Во текот на вчерашниот ден и унгарската влада се правдаше дека нема никаква врска со бегството на Груевски и дека екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ се обидел да побара азил во таа земја.

По Груевски ќе се трага уште. Органите на прогонот по него се пуштија и со меѓународна потерница а кој ќе ја преземе одговорноста засега е неизвесно бидејќи институциите вртејќи се во круг си ја префрлаат вината.

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК