16 Декември, 2025
0.0589

МИТКО ЈАНЧЕВ ГИ ИЗРАДУВА СИНДИКАЛЦИТЕ - на сите вработени во општина Кавадарци и во комуналните претпријатија ќе им ги качи платите за по 2.806 денари

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022 13:57

Добивај вести на Viber

Денеска, како што информираше Сојузот на синдикати на Македонија, се остварила средба меѓу претседателот на ССМ, Дарко Димовски и градоначалникот на Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci , Митко Јанчев , а на средбата присуствувале и Секретарот на Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ, Бојан Трипуноски, претседателите на СГИП и СИЕР, Иван Пешевски и Игор Ѓерасов.

„На задоволство на работниците и нивните претставници, Градоначалникот Митко Јанчев позитивно одговори и ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија и ТПЕ во Општина Кавадарци ќе се усогласат за 2.806 денари во нето износ.

Градоначалникот Митко Јанчев и Претседателот Димовски се согласија дека за да се исполни ова ќе бидат формирани нови синдикални организации како во Општина Кавадарци каде што ќе се склучи колективен договор со УПОЗ така и спогодби во Јавните претпријатија со Синдикатот СУТКОЗ“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Претседателот на ССМ Димовски и Секретарот на УПОЗ Трипуноски изразиле задоволство од постигнатите решенија и од пристапот на градоначалникот Јанчев, со што, како што пишуваат во соопштението, тој докажува дека е општествено одговорна општина која се залага за унапредување на работничките права.

„Со постигнатата согласност, а со потишување на нов Колективен договор за вработените во Општина Кавадарци и спогодбите во Јавните претпријатија ЈП Комуналец, ЈП за јавни паркиралишта Паркинг и спортска сала Јасмин ќе се зголемат платите за 2.806 денари.

Примерот на Општина Кавадарци и Градоначалникот Митко Јанчев кои се пример на другите полиња, станува најдобриот пример за почитување на работнички права кој треба да го следат и останатите општини, со оглед на фактот што се обезбеди ова право на работниците по пат на социјален дијалог, а работниците ќе ги уживаат правата за зголемување и усогласување на нивните плати согласно порастот на минималната плата за 2.806 денари“, се вели во соопштението од Синдикатот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“