Митрополитот Амвросие обвини дека атеистот Ципрас го предизвикал бесот на Бога
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2018
Грчкиот митрополит Амвросие на својoт блог ги обвини премиерот Алексис Ципрас и неговиот атеизам дека се виновни за катастрофалните пожари во земјата.
„Атеистичкиот премиер Ципрас предизвика бес на Бога. Грција ја упропастија пожари и поплави“- напиша митроплитот Амвросие.
Ципрас не е верник, па грчкиот митрополит одлучи да ја искористи трагедијата во Грција за да укаже дека пожарите се всушност Божја казна за премиерот неверник.
„Се прашувам, кој е за оддалечување на модерните Грци од Божјиот пат? Кој друг? Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас и неговите соработници“ - напиша митрополитот.
Митрполитот цитирајќи од Новиот завет, додава дека поради „оддалечување на луѓето од Бога се јавуваат разни катастрофи како што се потреси, глад, епидемија, крвопролевања, криминал и разорни пожари“.