Добивај вести на Viber
Младите до 18 години после 23 часот можеби наскоро нема да можат да седат по белградските кафулиња, ова го предлага во својата најнова инцијатива градоначалникот Драган Џилас. Овој предлог како што пишува српски „Новости“, градоначалникот на Белград официјално го упатил до министерството за трговија. Се работи за иницијатива за измена и дполнување на законот за заштита на потрошувачите во делот кој се однесува на угостителските објекти.
Според предлогот без пристап до локалите кои служат алкохолни пијалоци ќе останат младите од 18 години откако сказалките на часовникот ќе покажат 23 часот. Ова не важи само ако малолетните лица се во придружба барем со еден родител или старател. Предложениот став како дополнување на членот 26 од моменталниот закон за заштита на потрошувачите предвидува по истекот на дозволеното време за отседнување во објекот мора да биде испразнет од лица помлади од 18 години. Инаку, во Белград неодамна повторно е воведена забрана за продавање на алкохолни пијалоци во продавниците и маркетите после 22 часот, што пак сеуште наидува на различни реакции во јавноста.