22 Мај, 2024
0.0302

Младите луѓе имаат идеи и треба да добијат шанса да ги реализираат – заврши натпреварот во бизнис студија на случај 2016

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Тимот на Бритиш-Американ тобако е победник на натпреварот во бизнис студија на случај 2016 кој го организираше ИЕДЦ Алумни клуб Македонија и ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.

Наградата за победничкиот тим е учество на еден од изборните МБА курсеви во ИЕДЦ Бледската школа за менаџмент во вредност од 9.000 Евра. Победниците ќе ги измерат силите против победничките тимови од другите држави во Глобалниот натпревар на ИЕДЦ за студии на случај (Хрватска, Словенија, Србија, Молдавија, Бугарија и Романија).

Наградата ја додели г-а Мира Лесјак, заменик амбасадор и економски советник во Амбасадата на Република Словенија, која на сите учесници им посака многу успех во понатамошната работа и ја поздрави оваа иницијатива, која се случува четврта година по ред.

Претседател на жирито за доделување на наградата беше Д-р Ненад Филиповиќ, реномираниот професор по менаџмент и бизнис етика, како и проектен и академски директор на МБА студиите во рамките на ИЕДЦ Бледската Школа за менаџмент.

Професорот Филиповиќ истакна: „Се работи за млади менаџери кои покажаа одлични резултати и напорно работеа за време на дводневниот натпревар во бизнис студија на случај. Младите луѓе во целиот регион знаат дека е потребно постојано да учат, имаат идеи и треба да добијат шанса да ги реализираат“.

На натпреварот учествуваа и тимови кои ги претставуваа компаниите НЛБ Тутунска банка, Бритиш Американ Тобако, Бионика Фармацеутикалс, ИТ ГМА, како и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

2222

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза