МЛАДИТЕ ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ НАЈЧЕСТО НЕМААТ ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ СОСТОЈБИ: Смртта настапува само од компликациите од Ковид-19
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020 10:19
И покрај тоа што
луѓето кои имаат хронични заболувања како што се дијабетес, бубрежно болните, особено
оние кои се на дијализа, луѓето со кардиоваскуларни заболувања, оние кои
претпеле мозочни удари, претставуваат најризичната група на пациенти од корона
вирусот, сепак, според податоците од лекарите, во нашата земја починаа голем
број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени состојби.
И последниот случај, смртта на 40-годишниот ресенчанец, Илче Котевски, ги остави во шок и самите лекари, вработени во ГОБ „8 Септември“.
-Се сомневаме дека смртта кај него настапила како последица од пнеумоторакс. Тоа е воздух во белите дробови од скината алвеола. Котевски немаше други хронични заболувања. Дојде во ГОБ „8 Септември“ со тешка пневмонија што е директна последица од Ковид-19. Белите дробови практично му беа распарчени. Вирусот е толку многу инванзивен што го уништува и мозокот, и срцето, бубрезите, ги уништува сите органи во човековиот организам...И пред неколку дена 37-годишната пациентка од Тетово исто така немаше други заболувања. Уште еднаш апелираме да не се дозволи болеста толку многу да се развие, односно заразените не смеат да се кријат и да се лекуваат сами дома, вели д-р. Драган Клопчевски, специјалист интернист, во моментов распределен во „8 Септември“.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




