Млекара Здравје Радово ги испрати ракометарките на ЖРК Вардар на Фајнал Фор
Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2015 14:06
На последниот тренинг на Женскиот ракометен клуб Вардар, кој вчера, среда 6 мај се оддржа во Спортскиот центар Јане Сандански, Млекара Здравје Радово и навивачите ги испратија ракометарките и им посакаа спортска среќа на престојниот Фајнал Фор. Млекара Здравје Радово како официјален поддржувач на македонскиот ракометен шампион, изработи и дизајнира специјални навивачки маици со мотото ,,За енергија, добра игра и добро Здравје,, со кое го промовира здравиот начин на живот и спортската активност.
На дружењето со ракометарките беа поделени маички за сите навивачи кои ќе бидат присутни викендов во Будимпешта, каде што нашите ракометарки ќе бидат дел од европскиот ракометен крем. Високо-квалитетниот јогурт Здравје со 3,2 и 1,5% масленост ќе ги придружува ракометарките на Фајнал Фор завршницата и ќе им обезбеди доволно енергија и квалитетна исхрана која им е потребна.
Во периодот кој следува Млекара Здравје Радово и ЖРК Вардар ќе организираат низа активности со кои ќе ја потенцираат улогата на јогуртот во здравата, правилна и балансирана исхрана, како и активниот спортски начин на живеење. Останува да навиваме и да им посакаме успех и добро Здравје...
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка





