Добивај вести на Viber
Економските фундаменти во САД генерално се подобруваат, сметаат од Меѓународниот монетарен фонд, пренесе БиБиСи. Од светската финансиска институција сепак додаваат дека опоравувањето од рецесијата досега беше "релативно апатично".
Од ММФ велат дека земјата сеуште се соочува со "моќни контра ветрови" , но забележуваат дека со оглед на профитот на акциите и растот на цените на куќите, економскиот раст ќе се забрзува постепено догодина.
ММФ потенцира дека истекот на даночните олеснувања за вработените Американци од времето на претседателот Џорџ Буш и влијанието на намалувањето на владините трошоци влијаат значително врз растот оваа година. Оттаму очекуваат малку посветла слика за иднината и економската активност да се забрза до 2,7% следната година.
Во однос на невработеноста од Фондот предвидуваат дека нивото ќе остане во стабилно, и ќе гп отсликува подобрувањето на коефициентот на економската активност, но очекуваат стапката на невработеност ќе се намалува постепено во текот на 2014 година.
Политиката на американските Федерални резерви за одржување на ниски (блиску до нула) каматни стапки исто така се смета од ММФ како уште потребна поддршка на заздравувањето.
Проценката на ММФ е во остар контраст со таа за еврозоната, објавена оваа недела, во која се заклучува дека економиите во неколку од земјите-членки остануваат слаби, истакнуваат од БиБиСи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.