17 Декември, 2025
0.0427

ММФ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Грција мора да продолжи по патот на економските реформи

Објавено во: Балкан 29 Декември, 2014 19:17

Добивај вести на Viber

По неуспешните обиди да се избере претседател на државата, Грција се соочи со уште еден во низата проблеми. ММФ соопшти дека ќе ја суспендира финансиската помош од „Пакетот за спасување“ се додека не се формира новиот владин состав. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, ја предупреди земјата дека кој и да дојде на власт мора да се придржува  до економските реформи во земјата. Тој нагласи дека Атина и понатаму ќе мора да ги почитува обврските преземени во изминатиот период и да ги исполнува ветувањата поради кои  доби финансиска помош од 110 милијарди евра. „Тешките реформи дадоа плод и тие немаат никаква алтернатива“, истакна Шојбле, откако грчките пратеници предизвикаа предвремени избори со тоа што не успеаа да изберат нов претседател. Грчкиот парламент денеска по трет пат не успеа да избере претседател на земјата, по што, според Уставот, парламентот треба да се распушти и да се распишат предвремени парламентарни избори. Премиерот Андонис Самарас изјави дека изборите ќе се одржат на 25 јануари. Опозициската партија Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) која бара ревизија на договорот на Грција со Европската унија и со Меѓународниот монетарен фонд, според анкетите има најголем рејтинг.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата