Добивај вести на Viber
Директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, денеска пристигна во дводневна посета на Букурешт. Разговорите кои тој ќе ги има со романскиот премиер Виктор Понта, ќе бидат насочени кон нов стенд-бај аранжман кој ќе ги осигура економските реформи и довербата на инвеститорите во Романија.
Рокот на досегашниот договор истече минатиот месец со позитивна оценка од експертите на ММФ за балансирањето на државниот Буџет, но реформите во здравството, транспортот и енергетскиот сектор, остануваат и понатаму недовршени, пренесува БНР.