03 Мај, 2024
0.0250

ММФ ја поддржа Народната банка за дивидендите на банките

Објавено во: Финансии 19 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, предводена од Берглјот Баркбу, во периодот од 6 до 17 мај одржа виртуелни состаноци со властите на Северна Македонија, за да ги дискутира најновите економски случувања и политики. 

По завршувањето на посетата, Баркбу ја даде следнава изјава околу своите видувања за состојбата во земјава. 

Пандемијата на вирусот COVID-19 доведе до значителни човечки загуби и економски трошоци, но макроекономските и финансиските политики за поддршка го ублажија влијанието врз економската активност во Северна Македонија. 

Економското заздравување е во тек, реалниот раст на БДП се предвидува да достигне 3,8 проценти во 2021 година, поддржан од зголемената стапка на вакцинација, по првичниот недостиг од вакцини на почетокот од годинава. Побрзата дистрибуција на вакцините од очекуваната, и нивната употреба, е можно да ги зголеми прогнозите за растот, додека, пак, појавата на нови соеви на вирусот може да доведе до помал раст.

Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и храната ја зголеми инфлацијата. Иако е веројатно дека ќе има некои пренесени ефекти, инфлацијата се очекува да се намали во втората половина од годината, во услови на нецелосно искористување на потенцијалот на економијата. Потрошувачките цени се очекува да растат со умерено темпо од 2,2 проценти, во просек во 2021 година. 

На краток рок, главен приоритет останува да биде решавањето на здравствената криза. Фискалната политика треба да продолжи да го поддржува заживувањето на економскиот раст, да поттикнува создавање работни места и да обезбеди заштита на ранливите категории. 

Владата донесе закон за продолжување на мерките за поддршка и во 2021 година, вклучително и субвенционирање на платите, стимулации за инвестиции и поддршка на ликвидноста на фирмите. 

Врз основа на тоа, мисијата проектира дефицитот да достигне 5,4 проценти од БДП во 2021 година. Доколку е потребно, понатамошната тагретирана поддршка кон домаќинствата кои имаат најголема потреба од тоа и кон фирмите, во форма на привремени инвестициски кредити и субвенции за вработување може да помогне во закрепнувањето. 

Постоењето на кредибилна среднорочна фискална стратегија може да помогне во решавањето на потребите од инвестиции во државата, истовремено создавајќи простор за фискален маневар. 

Инвестицискиот план на Владата е амбициозен и истиот треба да биде придружуван од дополнителни подобрувања во управувањето со јавните инвестиции, во насока на решавање на „тесните грла“, подобрување на ефикасноста на трошењата и ограничување на фискалните ризици. 

Напорите за подобрување на наплатата на приходите би овозможиле простор за подобрување на продуктивните трошоци во области како што се здравство, образование и инфраструктура. Постоењето на успешни јавни инвестиции ќе го поттикне растот и ќе помогне во трансформирање на економијата, но за да се заштити одржливоста на долгот, од суштинско значење е да се има сеопфатна фискална стратегија која, меѓу другото, ќе биде изградена врз реални претпоставки за раст. 

Поставеноста на монетарната политика останува соодветна. Последното зголемување на инфлацијата најмногу се должи на глобалните фактори и тоа се очекува да биде привремено. 

Банкарскиот систем во целина е добро капитализиран и ликвиден. Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат определено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. 

Важно е да се задржат строги правила за класификација на ризикот и за издвојување на резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби. Привременото нераспределување на дивиденда од страна на банките треба да го поддржи овој процес. 

Зачувувањето на независноста во работењето на Народната банка на Република Северна Македонија е клучно за да се овозможи таа и понатаму да го остварува својот мандат за одржување на ценовната стабилност и заштита на финансиската стабилност, коишто се предуслови за одржлив економски раст. 

На иницијатива на НБРСМ, Северна Македонија ќе учествува во новиот пилот проект на ММФ Central Bank Transparency Code (Кодекс за транспарентност на централните банки), кој може да помогне во зајакнување на нејзината рамка за транспарентност и отчетност, со цел да се обезбедат ефективни резултати од политиките и дијалог со засегнатите страни. Би сакале да им се заблагодариме на нашите соработници за одличните виртуелни дискусии и се надеваме дека наскоро повторно ќе можеме да дојдеме во Северна Македонија за да се сретнеме директно.“

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата