29 Септември, 2024
0.0250

ММФ нема да учествува во евентуалната трета спасувачка програма за Грција?

Објавено во: Балкан, Економија 12 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Според информациите на шпанскиот весник „Ел Мундо“, Меѓународниот монетарен фонд не би учествувал во евентуален трет спасувачки финансиски пакет за Грција.

Весникот забележува дека за оваа одлука на ММФ придонел недостатокот на „навистина ефикасна акција“ во процесот на преговорите, како и неодамнешната одлука на грчката Влада да ги закрепне отпуштените од претходната власт вработени во државната администрација (кои беа отпуштени со цел строгите мерки на штедење).

Во таков случај секоја идна финансиска спогодба со Грција ќе остане да тежи на плеќите единствено на Еврогрупата (министрите за финансии од еврозоната), Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ).

Транша од околу 7,2 милијарди евра, за која во моментов се водат преговори со владата на Грција, е последна рата од вториот спасувачки пакет на ЕУ и ММФ. Комбинирано, првиот и вториот спасувачки пакети од 2010 и од 2012 година се во вредност од околу 240 милијарди евра, додека тековната (втората) програма со учество на ММФ ќе трае до 2016 година.

Веќе има предлози во однос на трет спасувачки пакет, но тој не се очекува да биде многу голем. Сепак, пред време шпанскиот министер за финансии Луис де Гиндос го оцени на околу 50 милијарди евра.

Грчката Влада сепак изјавила дека  постојано повторува дека не е заинтересирана за дополнителни спасувачки програми, и инсистира за повторни преговори на актуелниот грчки долг.

Во меѓувреме беше потврдена веста дека властите во Атина успеале да ја исплатат планираната за денес отплата на долг кон ММФ за околу 750 милиони евра. Според некои грчки владини извори, цитирани од „Ројтерс“, сепак тоа не се случило преку директен трансфер на потребни средства на сметка на Фондот.

Секоја земја-членка на ММФ располага со две сметки во Фондот - едната во која се депонирани средства по годишните квоти на соодветната држава и друга сметка, која може да биде употребена во итни случаи. Според „Ројтерс“, властите во Атина користеле околу 650 милиони евра токму од втората сметка, во ММФ, за да го покријат денешното плаќање кон Фондот, владата додала во овие средства само 100 милиони евра од своите кешовни резерви.

Овие средства на втората сметка во ММФ сепак треба да бидат пополнети одново во рамките на следните неколку недели. Ова укажува дека Атина изгледа е се поблиску до моментот во кој земјата ќе остане без кешовна достапност, ако во брзо време не се постигне договор со нејзините меѓународни кредитори, што може да доведе до одмрзнување на останатите 7,2 милијарди евра по оваа втора спасувачка програма.

Можеби ќе ве интересира

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон