01 Јули, 2024
0.0244

ММФ побарал отпис на грчкиот долг

Објавено во: Балкан, Економија 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) побарал Европејците да отпишат значителни суми од долгот на Грција, како што се заканил дека ќе ја повлече својата финансиска помош за земјата, ако тоа не се случи, соопштуваат грчките весници, повикувајќи се на британскиот "Фајненшел тајмс" ( FT.com).

Се претпоставува дека предупредувањето било упатено од директорот на Фондот за Европа Пол Томсен на одржаната средба минатиот месец во Рига на министрите за финансии од еврозоната.

Половина од траншите во износ од 7,2 милијард евра, кои се предмет на интензивни преговори меѓу Атина и нејзините кредитори, треба да дојдат од ММФ, забележува весникот и додава дека Грција сака да обезбеди овие 7,2 милијарди. Евра, за да избегне банкрот.

Земјите кредитори од еврозоната, кои држат најголем дел од грчкиот долг, се категорично против негово отпишување, но поддршката од ММФ е од клучно значење за финансирањето на Грција, се вели во публикацијата.

Според двајца претставници, кои учествуваа на состанокот на Еврогрупата во Рига минатиот месец, Пол Томсен рекол дека првичните податоци кои ги добил ММФ од грчките власти покажуваат дека Атина се движи кон еден примарен суфицит од 1,5 отсто од БДП за оваа година додека според постојните цели Атина би требало да постигне примарен суфицит од 3 отсто од БДП за 2015 година.

Наспроти големиот примарен суфицит, кој се појави да стане значаен дефицит, нивото на долгот на Грција ќе растат повторно.

Ова би можело да ја принуди Атина или да преземе драстични мерки за штедење, или доверителите од еврозоната да се согласат со отписи на долгот, па тој да биде вметнат во одржлива орбита, смета ММФ, според публикацијата на "Фајненшл тајмс".

Аналитичарите во Атина коментираат дека материјалот на британскиот весник се совпаднал со телефонскиот разговор вчера на грчкиот премиер Алексис Ципрас со владејачкиот директтор на ММФ Кристин Лагард и дека според портпаролот на Фондот двајцата разговарале за прашањата поврзани со текот на сегашните преговори меѓу Атина и нејзините кредитори .

Заедно со тоа весниците пишуваат денес за очекувана критична средба во Франкфурт на грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис и на вториот министер за надворешни работи Евклидис, кој во моментов е координатор на грчкиот тим на преговорите со доверителите, со претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

Според изданијата двајцата одат во Франкфурт, за да го убедат Марио Драги, дека владата во Атина има волја за постигнување на договор со доверителите и да побараат од него обезбедување на ликвидност за грчките банки од прекувремениот механизам за парична помош ЕЛА и кревање на плафонот од 15 милијарди евра, кој во моментов е валиден за грчките банки на обврзничките пазари.

Во исто време грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска ќе има средба во Париз со францускиот колега Мишел Сапен, со кого ќе разговара за напредокот на преговорите во рамките на Бриселската група.

Потоа Варуфакис ќе го посети Брисел на средба со комесарот за економски и монетарни прашања на ЕУ, Пјер Московичи.

Се очекува од нив Варуфакис да бара решенија на прашањата кои ги одложуваат преговорите, па на претстојната средба на Еврогрупата на 11 мај да биде констатиран поголем напредок во споредба со средбата на Еврогрупата во Рига, пишуваат уште весниците.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИЗГОРЕА НЕКОЛКУ КУЌИ: Пожар беснее во предградие на Атина

(ВИДЕО) ИЗГОРЕА НЕКОЛКУ КУЌИ: Пожар беснее во предградие на Атина

СВЕЧЉА ЗА ПЛАКАТИТЕ СО ВУЧИЌ: Ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор

СВЕЧЉА ЗА ПЛАКАТИТЕ СО ВУЧИЌ: Ние го чекаме да дојде и потоа можете да го посетите во затвор

ПЛАКАТИ СО ВУЧИЌ ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Врховен команданту, те чекаме

ПЛАКАТИ СО ВУЧИЌ ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Врховен команданту, те чекаме

БЕРИША: Пописот во Албанија со 2,4 милиони население е чиста манипулација

БЕРИША: Пописот во Албанија со 2,4 милиони население е чиста манипулација

СЕ ЕВАКУИРААТ ОСУМ НАСЕЛЕНИ МЕСТА: Шумски пожар во Грција e надвор од контрола

СЕ ЕВАКУИРААТ ОСУМ НАСЕЛЕНИ МЕСТА: Шумски пожар во Грција e надвор од контрола

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Грците не го прифаќаат бројот на православни

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Грците не го прифаќаат бројот на православни

Ориз повеќе од 6 евра, еве колку чини чоколадо и масилново масло: Објава со цени во црногорски маркет за неверување

Ориз повеќе од 6 евра, еве колку чини чоколадо и масилново масло: Објава со цени во црногорски маркет за неверување

Колку чини летување во Грција: Цени за сместување за 2024 година

Колку чини летување во Грција: Цени за сместување за 2024 година

Ако сонувате за недвижен имот на јадранскиот брег, погледнете каде бележат пад цените

Ако сонувате за недвижен имот на јадранскиот брег, погледнете каде бележат пад цените