05 Декември, 2024
0.0331

ММФ: Што точно пишува во завршната оценка за Македонија?

Објавено во: Финансии 20 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Двонеделната мисија на ММФ во Македонија заврши. Од фондот очекуваат дека годинава економијата ќе испорача раст од 3,5 проценти, но укажуваат и дека е потребно одржување на ниво на буџетски дефицит што нема да води кон натамошно зголемување на јавните долгови. ММФ порача дека Фискалната стратегија треба да биде проследена и со Стратегија за управување со јавниот долг. Еве што пишува во завршната оценка на ММФ: Економски раст: Се очекува да продолжи темпото на економскиот раст и понатаму и тој да се прошири на  домашната побарувачка. Раст од околу 3,5 проценти во 2014 година се очекува да се оствари.  Порастот на вработеноста и зголемувањето на платите во јавниот сектор и пензиите ќе ја поддржи потрошувачка, додека инвестицијата ќе бидат потпогмогнати од големите инфраструктурни јавни инвестиции. Буџетски дефицит: На краток рок, фискалната политика треба да биде насочена кон исполнување на проекцијата за буџетскиот дефицит од 3,5 отсто од БДП. Ќе биде важно да се одржи  фискалниот дефицит за да се задржи долгот на Централната влада на одржливо ниво. Реализацијата на приходите во првиот квартал укажуваат на некои ризици за оставрување на годишните цели. Доколку се случи отсуство на  забрзување на приходите, за оставрување на таргетираниот дефицит може ќе биде потребна компресија на трошоците. Фискална политика: На среден рок , планираниoт курс на фискалната политика останува соодветен. Планираното намалување на дефицитот на 2,6 отсто од БДП во 2016 година останува соодветно. Прилагодувањето ќе се  потпира на растот на приходите надминувајќи го растот на расходите. Затоа, артикулација на мерките што треба да ги содржат трошоците во рамките на идната Среднорочна фискална стратегија  ќе им помогне на властите да го намалат дефицитот. Треба да се продолжи со проектирање на годишни буџети на основа на прудентни  макроекономски претпоставки, особено во контекст на ниска инфлација, што исто така, ќе ги поддржи овие цели. Конечно, јакнење на јавната инвестициска политика останува приоритет : јасни процедури за проценка како и јавни инвестициски проекти кои треба да да овозможат поголема реализација на буџетот односно, распределба на капиталот што ќе овозможи долгорочно економско враќање ( поврат). Стратегија за јавен долг:  Фискална стратегија треба да биде базирана на среднорочната стратегија за управување со долгови. Среднорочна фискална стратегија треба да биде придружена со Стратегија за управување со долгот која ќе воспостави рамнотежа помеѓу надворешното и внатрешното финансирање и целокупната макроекономска стабилност. Конкретно, тоа би требало да значи интегрирање на два политички приоритети за да се  обезбеди  соодветно финансирање на домашниот приватен сектор и акумулирање на  девизните резерви. Ова е сè повеќе важно и за платниот биланс.  Конечно, имајќи го во предвид целиот јавен сектор, двете стратегии ќе помогнат да се нагласи конзистентноста на фискалната политика од аспект на нејзината  внатрешна и надворешна стабилност. Монетарен и финансиски сектор: Монетарната политика е соодветно фокусирана на обезбедување на ниво на деизните резерви во согласност со одржливоста на фиксниот девизен курс. Натамошно релаксирање  на монетарната политика не е оправдано , особено што кредитниот раст се зголемува. Покриеноста на резервите и  капацитетот да ги сервисираат надворешните обврски да остане  адекватна.  Меѓутоа девизните резерви се во пад и тоа може да предизвика притисок затоа НБРМ треба да биде подготвена да ја заголеми каматната стапка. Финансискиот систем останува стабилен , добро капитализиран и високо ликвидни , но недоволно насочена кон кредитирање на приватниот корпоративен сектор. Приливи од странство: Ќе бидат потребни инвестиции во човечки и физички капитал за да се забрза економскиот раст. На среден рок, растот би можел да достигне 4 отсто , поддржан главно од зајакнување на извозот. Трошоците за конкурентно производство се високи. Иако владата спроведе успешни политики за намалување на трошоците и за привлекување на странски директни инвестиции, сепак, големиот инфструктурен трговски дефицит , ефтината работна сила и високите стапки на невработеност укажуваат на препреките за целокупната конкурентност. Големата миграција на работна сила во изминативе децении резултираше со одржливи и  големи приватни трансфери. Овие транфери се важни за економијата, вклучувајќи го и влијанието за намалување на сиромаштијата. А.Д.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра