05 Декември, 2025
0.0411

ММФ ВО МАКЕДОНИЈА: Под лупа кондицијата на земјата за отплата на надворешните долгови!

Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2014 08:26

Добивај вести на Viber

Од денеска па се до 5 ти ноември во земјава престојува тим на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), предводен од директорката на ММФ за Македонија, Иванна Владкова Холар. Се работи за контролна посета, која е дел од процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ),  наменет за земји членки коишто имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани. Што ќе контролира ММФ? Тим на Меѓународниот Монетарен Фонд, директно од Вашингтон, од денеска е во земјава. Мисијата предводена од директорката на ММФ за Македонија, Иванна Владкова Холар десет дена преку директни разговори со претставници на надлежните институции ќе собира информации поврзани со економските парамери за кондицијата на земјата навремено да ги сервисира своите обврски кон странство. Се работи за контролна мисија која е дел од процесот на Пост-програм мониторингот или ППМ, по што монетраците ќе треба да изготват нов Извештај.
Ќе има разговори во поглед на Пост-програм мониторинг (ППМ) на македонската економија, со цел изготвување на извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ. Процесот на Пост-програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки коишто имаат значителна преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани. Подолу може да го најдете линкот за препораката на Бордот на директори на ММФ за започнување на ППМ со Поранешна Југословенска Република Македонија“, соопшија од ММФ.
Ова ќе биде втора проверка на земјава од страна на тим на ММФ. Првата беше во мај, по што директорскиот Борд на ММФ објави Извештај во кој посочија дека годинава очекуваат економијата да испорача раст од 3,5 проценти, но укажуваа и дека е потребно одржување на ниво на буџетски дефицит што нема да води кон натамошно зголемување на јавните долгови. ММФ порача дека Фискалната стратегија треба да биде проследена и со Стратегија за управување со јавниот долг. Во делот на буџетскиот дефицит, по мајската мисија, монетраците оценија:
“На краток рок, фискалната политика треба да биде насочена кон исполнување на проекцијата за буџетскиот дефицит од 3,5 отсто од БДП. Ќе биде важно да се одржи  фискалниот дефицит за да се задржи долгот на Централната влада на одржливо ниво. Реализацијата на приходите во првиот квартал укажуваат на некои ризици за оставрување на годишните цели. Доколку се случи отсуство на  забрзување на приходите, за оставрување на таргетираниот дефицит може ќе биде потребна компресија на трошоците“, пишува во завршната оценка на ММФ.
Во делот на Јавниот долг, од ММФ побараа и усвојување на Стратегија за управување со јавниот долг.
“Среднорочна фискална стратегија треба да биде придружена со Стратегија за управување со долгот која ќе воспостави рамнотежа помеѓу надворешното и внатрешното финансирање и целокупната макроекономска стабилност. Конкретно, тоа би требало да значи интегрирање на два политички приоритети за да се обезбеди  соодветно финансирање на домашниот приватен сектор и акумулирање на  девизните резерви. Ова е сè повеќе важно и за платниот биланс.  Конечно, имајќи го во предвид целиот јавен сектор, двете стратегии ќе помогнат да се нагласи конзистентноста на фискалната политика од аспект на нејзината  внатрешна и надворешна стабилност.“
Мисијата на ММФ доѓа во земјава во услови кога методологијата за дефинирање на вкупниот Јавен Долг е променета, односно се вклучија и долговите на општините и на Јавните Претпријатија, на што инсистираа меѓународните финансиски институции, но се исклучија долговите на НБРМ и дел од долговите на Македонската банка за поддршка на развојот. По завршување на оваа нова десетдневна мисија се очекува нова оценка за кондицијата на економијата навремено да ги сервисира долговите кон странство. Одлуката за заислен мониторинг врз Македонија беше донесена на почетокот од 2013-та година, во состојба кога истече двегодишниот аранжман од Кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра, а земјата остана корисник на кредитните линии од ММФ.
Главната цел на програмата е да обезбеди поблизок мониторинг на политиките на сите земји членки коишто имаат значителна преостаната финансиска обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани. Ова значи дека земјите членки имаат поредовни официјални консултации со Фондот отколку што е тоа случај кога има надгледување, со особено фокусирање на макроекономските и структурни политики коишто се релевантни за надворешната одржливост“, информираа тогаш од седиштето на  ММФ.

Тимот на ММФ се очекува да оствари средби со претставници на надлежните институции, но не се исклучени и средби со експерти и бизнисмени.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката