15 Декември, 2025
0.0538

МНОГУ АГЕНЦИИ НЕ ЈА РАБОТАТ ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА: Евтино за Германците, скапо за нас

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019 06:47

Добивај вести на Viber

Многу македонски агенции не ја работат Хрватска како дестинација за одмор, или пак доколку нудат аранжмани интересот е многу слаб.

Велат дека причини за ваквата состојба има повеќе, но првенствено се премислуваат поради далечината, но и високата цена. Многу македонски граѓани не можат да си дозволат да летуваат во Хрватска, а за сметка на тоа ја бираат Грција, поради евтините цени и близината.

„На прсти се бројат агенциите кои ја работат Хрватска, оние кои имаат склучено договори. Интересот е многу слаб последните години. Хрватска е пребукирана од туристи од други земји. За нашите граѓани исто така е многу скапа и затоа ја избегнуваат“, велат од скопска агенција.

Од струмичка агенција велат дека струмичани, Хрватска ретко ја избираат за одмор, а популарни се Крф, Тасос, но годинава има интерес и за Хургада.

„Во Хрватска цените се високи, а ништо посебно не нудат во хотелите, и плус многу работи се доплаќаат, дали ќе е тоа игралиште во самиот хотел или нешто друго. Оние кои оделе во апартмани не се многу задоволни од љубезноста, плус далеку е, и кога сите фактори ќе се сумираат интересот за летување е мал. Семејните луѓе ја бираат Грција поради близината, цените и поради топлата вода“, додаваат од оваа агенција.

Од туристичка агенција во Битола велат дека интерес има за Црна Гора, но за Хрватска луѓето одат единствено доколку за празник има аранжман од два – три дена.

„Цената си има голема улога, и затоа Хрватска не е толку популарна“, наведуваат оттаму.

Од штипските агенции додаваат дека аранжмани нудат, но интересот е слаб за Хрватска.

„Секоја година од клиентите околу 5% ја избираат Хрватска. За нашите граѓани важи за скапа дестинација, и само за сместување за 10 дена еден човек треба да одвои 300 до 400 евра, плус ќе има и други трошоци“, додаваат од штипска агенција.

Сепак, сите се согласни дека последните неколку години македонските граѓани многу послабо летуваат во Хрватска за разлика од претходно.

Во април годинава во Хрватска имало 1.1 милиони туристички посети или за 16.4% раст во однос на април 2018 година. Овој податок е објавен на веб страницата на Министерството за туризам на Хрватска. Најбројни гости се Германците. Од Германија во април имало 136.000 посети. Зад Германците следат Австријците, Словенците, Италијанците, Британците, Французите, Полјаците и Американците. Најинтересен за посета во април за странците бил градот Дубровник, каде имало 331.000 ноќевања. Ако се гледа возраста, доминираат туристите на возраст од 45 до 54 години. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден