„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата
Објавено во: Финансии 20 Септември, 2024 15:14
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со цел да се зголеми бројот на учесници и тие да го најдат својот интерес во тоа. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната 23. Годишна конференција на Македонската берза, што се одржува во Охрид.
- Берзата е место каде се сретнуваат инвеститорите, каде се движи капиталот и е многу важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници. Да го најдат интересот и правните и физичките лица, кои можат да вложуваат средства во алтернативни извори на финансирање кои се нудат на Берзата, покрај она што е традиција кај нас, а го нуди банкарскиот сектор. Во таа насока, во наредниот период, заедно со Македонската берза, поактивно ќе дејствуваме, меѓу другото, и во развој на секундарното тргување на хартиите од вредност кое има повеќекратни придобивки. Имено, за примарниот издавач ќе има придобивка бидејќи ќе се зголеми интересот за инструментите што се ликвидни. За Македонската берза придобивката ќе биде зголемување на обемот на тргување, додека за имателот на хартиите од вредност предноста е во тоа што ќе поседува ликвиден инструмент којшто ќе може да го продаде во секое време, односно да го материјализира - истакна министерката за финансии и додаде дека Берзата ќе се користи како примарен пазар за обврзници кои Министерството за финансии планира да ги издава во наредниот период.
Според министерката, соработката со Берзата е исклучително важна затоа што клучно за зголемување на интересот за тргување со хартии од вредност што ги издава Министерството за финансии е имателите на тие хартии од вредност да бидат сигурни дека можат во секое време да ги материјализираат на секундарниот пазар и на тој начин да обезбедат ликвидни парични средства.
Најави дека се работи на донесување Одлука за 23-тата емисија на обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милиони евра, којашто ќе ја зголеми понудата на хартии од вредност со кои ќе се тргува на секундарниот пазар на Македонската берза. Инаку, вкупната вредност на претходно издадените 22 емисии на обврзници за денационализација изнесува 397 милиони евра.
Поздравувајќи ги позитивните резултати од работењето на Македонската берза во првата половина од оваа година, рече дека Министерството за финансии ќе продолжи со унапредување на регулативата со цел да се обезбеди дополнителен развој на пазарот на капитал.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





