Многу млади живеат со родителите, а без работа нема независност

Објавено во: Економија 23 Декември, 2021 07:26
Без работа нема независност, и ова е голем проблем за младите во Македонија, кои пак во многу истражувања на јавното мислење и анкети ја споменале оваа појава како негативна.
Младите тешко успеваат да станат делумно независни, а уште потешко е да бидат и целосно независни. Дополнително, и општествените прилики не овозможуваат младите брзо да се осамостојат.
Социологот Милева Ѓуровска вели дека младите на возраст од 15 до 29 години најчесто живеат со родителите и зависат од нив, а во таков случај, не може да стане збор за независност.
„Ако зависите од родителите, тогаш која идеја ќе ви биде независна? Младите пружаат отпор, не сакаат да работат за мали плати. Тоа се новите генерации. Тој отпор е пасивен, но сепак е отпор. Тие не се доволно гласни и нивните барања не се артикулирани. Оние кои се опортунистички настроени се зачленуваат во партии, а другите си заминуваат од државата“, вели Ѓуровска.
Истражувањето на кое работела професорката, а кое е поддржано од УСАИД, и за што Европското движење подготви публикација, покажува дека 69 отсто од младите одговориле дека сигурната работа им е најважна, а за 60 отсто можностите за професионален развој се најважни. На трето место е платата, и неа како приоритет ја избрале 49 отсто од анкетираните испитаници. Дека би ја напуштиле земјата и би прифатиле работа со пониски квалификации одговориле 48 отсто од младите. Oние кои работат, обично земаат плата пониска од просечната. Младите вработени кои се на возраст до 24 години земаат ниски плати, но истражувањето покажало дека вработените кои се на возраст од 35 до 44 години добиваат највисоки плати.
„Работам од својата 21-ва година, и денес со над 10 години работно искуство, сепак земам плата која е пониска од просечната во Македонија. Не можам да кажам дека има добри услови за напредок во кариерата. Моите примања ми овозможуваат делумна самостојност. Тоа не е доволно, но со оглед на околностите, ако ја анализирам целокупната ситуација во државата сфаќам дека има многу млади кои се во далеку полоша сoстојба од мене. Точно е дека младите денес не прифаќаат да работат за мали плати, дури мислам дека по дипломирањето имаат нереално високи очекувања за платата, но кога ќе почнат да одат на интервјуа за работа, ќе сфатат дека ситуацијата не е како што очекувале“, вели Тања П, вработена во приватен сектор.
За разлика од Македонија, во европските земји младите многу побрзо се осамостојуваат и тоа може да се види и од податоците кои ги објавува Евростат. Младите во скандинавските земји најрано заминуваат од домот на родителите. Тотална спротивност имаме во Хрватска и Грција каде младите доцна почнуваат самостоен живот. Според податоци кои претходно беа пласирани во јавноста, 500.000 луѓе досега си заминале од земјата поради економски причини.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ ГИ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНИТЕ НА НЕКОИ МОДЕЛИ ЗА 10 ОТСТО: Ова е обид да се ублажат царините на Трамп

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПРЕСВРТ – АМЕРИКАНСКИ БРЕНД СЕ ВРАЌА НА ЕВРОПСКИТЕ ПОЛИЦИ: Производот ќе се појави на пазарите во Франција, Германија, Италија, Белгија и Полска

Демант од ТИРЗ: „Работиме одговорно и транспарентно, сѐ со цел унапредување на целокупната национална економија“

ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци
