Многу предлози ставени на маса, недостасува брза акција против загадувањето
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 14:05
Користење на јавен транспорт, приклучување на централното греење на граѓаните, користење на еколошки горива како мерки за намалување на загадениот воздух беа претставени на денешната конференција на тема „Како до почист воздух во градовите", во организација на НВО Зелен институт.
– Предложивме итни мерки кои треба да се преземат во овој период кога загадувањето на воздухот достигнува енормни димензии, така што нашите предлози се дека мора да се делува на сите сфери од каде потекнува загадувањето и во делот на затоплување на домаќинствата, во делот на индустријата, во делот на сообраќајот и градежништвото, вели Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.
Во однос на загадувањето кое доаѓа од домаќинствата, посочи дека како предлог мерка за да се приклучат што поголем број граѓани на централното затоплување, да се помогне финансиски со намалување на Ддв- то од 18 на пет проценти.
– Во зимскиот период предлагаме намалување на цената на билетите на јавниот транспорт за 50 отсто и воведување на зелен 24 часовен билет, кој што еден граѓанин би можел да го користи на различни дестинации. Исто така многу е важно да се зголеми бројот на нови автобуси со еколошки стандарди пет и шест, еколошки почисти, кои не го загадуваат толку воздухот и да се воведат нови автобуски линии, додаде Морачанин.
Претседателката на НВО Зелен Институт, Наташа Амдију истакна дека како граѓани, мора да се научиме да користиме јавен транспорт и додаде дека јавниот транспорт треба да биде поповолен, кога станува збор за цената.
Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска нагласи дека во овој момент ја завршуваат работата на Правилникот за урбано зеленило.
– Доколку има повеќе зелени површини, би имале можност да го амортизираме загадувањето, прашината и ПМ честичките. Од тие причини настојуваме со правилникот да му дадеме снага на законот за урбано зеленило и во иднина да се спречи таа урбанизација која ги уништува белите дробови на градот, рече Петровска.
Како што посочи проблем претставуваат и неформални, мали загадувачи кои треба да бидат предмет на поинтензивни контроли како што се одредени ресторани или нестандардни горива и нагласи дека извори на загадување има премногу, но ресурсите на државата во овој момент не се толку големи за да можат да одговорат на сите потреби да бидат на терен.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




