МНОГУ ПРОДАВНИЦИ НЕ РАБОТАТ, ИМА МАЛКУ ХРАНА И Е ЕКСТРЕМНО СКАПА: Жителите на Газа наскоро ќе гладуваат
Објавено во: Свет 17 Ноември, 2023
Жителите на Газа наскоро ќе гладуваат.
Светската програма за храна на ОН (WFP) oбјави дека скоро целото население на Газа има очајна потреба од хуманитарна помош во форма на храна, предупредувајќи дека цивилите се во опасност од глад.
Поради недостиг на гориво, ниту една од пекарите на WFP не работи повеќе, а работат само четвртина од продавниците за храна. Малите количества храна достапни во продавниците се продаваат по екстремно високи цени.
Поради недостиг на гориво и струја, скоро е невозможно да се готви оброк.
„Оние кои имаат среќа јадат конзервирана храна, додека некои преживуваат со какви било сурови состојки што можат да ги најдат, вклучително и сиров кромид и модри патлиџани“, велaт од WFP.
Воениот кабинет на Израел го одобри преминувањето на два камиони со гориво дневно во Газа за да се задоволат потребите на ОН. Во Газа загинаа над 11.500 Палестинци. Хамас на 7 октомври изврши напади во Израел и оттогаш има воени дејствија.foto printskrin