МНОГУ СТРОГИ ПРАВИЛА: Еве што не смеат да прават Италијанците за Божиќ
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Декември, 2020
Овој Божиќ има многу ограничувања за Италијанците поради пандемијата.
Семејствата и пријателите смеат да се посетат само еднаш дневно и тоа само двајца со две деца помали од 14 години. Луѓето треба да држат дистанца кога седат на маса – секој да седи на еден и пол метар оддалеченост од другото лице затоа што вирусот најмногу се шири при зборување и смеење. Се советува луѓето да не се прегрнуваат, да не користат исти салфетки и постојано да користат иста чаша и чинија, а и да обрнат внимание виљушките и ножевите да не доаѓаат во контакт со чиниите на другите гости. храната повторно да се загрее на температура од 60 степени за да се убијат сите вируси и бактерии. Исто така се препорачува да не се дава сопствениот мобилен телефон на другите членови за да се честитаат празниците туку секој да си го користи сопствениот телефон. Потребно е да се заборави на пеење бидејќи така најмногу се шири заразата преку капките. Секој мора да користи свој пешкир и на секој половина час да се проветруваат просториите. Италија е една од најпогодените европски земји од вирусот. Дури имаше тврдења дека вирусот уште лани бил присустен во земјата, пред да се појави во Кина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.