Мнозинството Срби се против предвремени парламентарни избори
Објавено во: Балкан 05 Август, 2013
Убедливо мнозинство од граѓаните на Србија се против распишување предвремени парламентарни избори и веруваат дека реконструирана влада ќе функционира подобро отколку досега, покажува истражување на агенцијата „Ипсос стратеџик маркетинг“, објавено од весникот „Новости“.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 79 отсто од граѓаните сметаат дека е подобро владата да биде реконструирана отколку да бидат распишани предвремени парламентарни избори.
Истражувањето е спроведено на 31 јули по телефон врз репрезентативен примерок од 1.200 возрасни граѓани на Србија.