МНР СЕ ОГЛАСИ: Како е поставена плочата на Кајмакчалан?
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2016
Откако вчера со силни реакции и критики се јавија бугарските власти за инцидентот кој го направи македонскиот новинар Миленко Неделковски, со став се јави и Министерството за надворешни работи.
Имено, од оваа институција тврдат дека плочата на Кајмакчалан е незаконски поставена.
МНР меѓудругото побара нашите соседи да ги почитуваат меѓународно прифатените процедури за поставување спомен обележја, а како што стои во соопштението на министерот Никола Попоски МНР очекува институциите да ги обесхрабрат сите актери кои нелегално поставуваат обележја на територија на друга држава, а кои потоа можат да бидат цел на акти на насилство или да предизвикаат негативни чувства кај граѓаните.
Како што објавивме вчера, новинарот Миленко Неделковски вчера на својот Фејсбу профил преку низа фотографии ги разгоре тензиите меѓу Македонија и Бугарија.
Тој на Кајмакчалан со чекан ја скршил плочата поставена од бугарите на .
Фотографиите кои тој ги објави на „Фејсбук“, предизвикаа брза реакција - и во социјалната мрежа и меѓу бугарските политичари.
Дел од македонците му се восхитуваа и со низа пофалби го поддржаа овој чин, додека бугарите се разгневија.
Повеќе за тоа читајте тука.