Могерини доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?
Објавено во: Македонија 01 Март, 2017 08:57
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини утре ќе биде во Скопје.
Веќе се закажани средби со политичкиот врв и граѓанските асоцијации.
Таа денеска со резговори во Подгорица ја почнува турнејата низ земјите од Западен Балкан.
На својата балканска турнеја покрај Црна Гора ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Македонија. Могерини ќе ги посети сите главни градови на Балканот, Тирана, Сараево, Подгорица, Приштина, Белград и Скопје. Целта на турнејата е запознавање со ситуацијата во регионот пред најавениот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан .
Мислењето и заклучокот од посетата за напредокот на земјите кои ќе ги посети ќе биде претставен пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 6. март во Брисел.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието




